Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

СДСМ: „Историско“ зголемување на платите работниците го дочекаа со историско зголемување на цените

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Македонија
market-pari

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Сè поскапува, цените на храната растат секој ден, а владата на Христијан Мицкоски не презема ништо, велат од СДСМ.

„Единствената мерка на Мицкоски - намалување на ДДВ за горивата од 18% на 10% не даде никаков ефеткт. Цените на горивата се покачија и во изминатиот период континуирани се поскапувања на храната.

— реклама —

Зејтинот е поскапен и веќе цените седвижат и до 118 денари, кафето од 120–140 денари,  меленото месо е поскапено и сега е од 730 до 840 денари, пилешкото месо над 400 денари,  јајцата над 110 денари.  Во исто време, цените на зеленчукот и овошјето се исто така покачени, пиперките достигнуваат и до 300 денари, доматите над 200 денари.

— реклама —

Ова е секојдневие на илјадници македонски семејства кои се борат како да обезбедат храна, како да го наполнат фрижидерот.

Кога носиш часовник од 65.000 евра, овие цени не се високи. Но, за работниците на кои не им е зголемена минималната плата, па дури и за административците на кои им се нуди само 7% зголемување, затоа што, како што вели Мицко „колку работат, доволно и имаат“ – нема да издржат ни до 15-ти во месецот.

— реклама —

Граѓаните осиромашуваат а платите не растат. Власта одби да ја покачи минималната плата и сега ниту 600 евра плата не се доволни да се живее достоинствено.

— реклама —

„Историско“ зголемување на платите работниците ќе го дочекаат со историско зголемување на цените и ќе остане запаметена историски најлошата Влада.

Наместо да ги штити бизнис интересите Владата на Мицкоски веднаш да ги прифати мерките на СДСМ за  0% ДДВ за храната, намалување на акцизите  на горивата за 4 денари, намалување на ДДВ за горива на 5%и преполовување на патарините“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryeuq4jrnkcll31UrbjKu

„За Алта банка Савески да почне од Мицкоски и Славески – сметките и трансакциите мора да се испитаат веднаш“, вели СДСМ

Македонија | пред 3 часа

— реклама —
media-library3aajff2mnjk379UVxvN

„Постојат ли 80 милиони евра во Алта банка Битола и во кое својство преговара Мицкоски?“, велат од СДСМ

Македонија | пред 1 ден

media-libraryvosnvn9kcs6604GYNY3

„Славески, имаш уште малку време да го пријавиш Мицкоски, потоа ќе биде касно!“, вели СДСМ

Македонија | пред 1 ден

media-librarymg9pbfsb39nqdl0fWU1

СДСМ: Ги поддржуваме војниците – ќе поднесеме законско решение за нивните барања

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања