Промени тема
Контакт
„Претрес“ за судењата, сведоците, правдата: Сопругата на Андреј од ДНК и таткото на Диме за „Пулс“
„Претрес“ за судењата, сведоците, правдата: Сопругата на Андреј од ДНК и таткото на Диме за „Пулс“

СДСМ излезе со 10 итни мерки за побезбедни училишта

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-libraryr4e3qrm8svi40pH5Y8h

СДСМ на денешната пре-конференција предложи 10 итни мерки за подобрување на безбедноста во училиштата и ученичките домови, оценувајќи дека состојбата со насилството меѓу учениците станува сè поалармантна.

— реклама —

На прес-конференција, Јованче Манасков побара одговорност од Весна Јаневска и директорите на училиштата, како и вонреден инспекциски надзор.

„Секојдневно сме сведоци на булинг, физички пресметки, закани и инциденти со ладно оружје во училиштата и ученичките домови. Ова е јасен сигнал дека системот потфрла“, рече Манасков.

— реклама —

Меѓу предложените мерки се воведување унифициран безбедносен протокол во сите училишта, вработување психолози и педагози, формирање училишни тимови за превенција на насилство и национална анти-булинг програма.

— реклама —

СДСМ предлага и засилена соработка меѓу училиштата, МВР и центрите за социјална работа, воведување анонимна линија и дигитална платформа за пријавување насилство, како и поголем надзор во училиштата и ученичките домови.

Во пакетот мерки е предвидено и воведување обврзувачки програми за ментално здравје кај младите, построга одговорност за институциите што не реагираат навремено и формирање национален кризен штаб за безбедност во образованието.

— реклама —

Од партијата велат дека институциите немаат координација и стратегија за превенција, а цената за тоа, според нив, ја плаќаат учениците.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarydu6s9auf4m5603gLTaj

(Видео) „Бесплатно образование, модерни вештини, повеќе шанси за младите“, вели Манасков

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања