Промени тема
Контакт
„Претрес“ за судењата, сведоците, правдата: Сопругата на Андреј од ДНК и таткото на Диме за „Пулс“
„Претрес“ за судењата, сведоците, правдата: Сопругата на Андреј од ДНК и таткото на Диме за „Пулс“

(Видео) „Бесплатно образование, модерни вештини, повеќе шанси за младите“, вели Манасков

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 седмица -

Македонија
media-librarydu6s9auf4m5603gLTaj

СДСМ на денешната прес-конференција на Јованче Манасков од Комисијата за образование ја претстави својата визија за реформи во образованието преку платформата „Твоја држава, твоја шанса“, најавувајќи бесплатно високо образование, ваучери за обуки во нови технологии и повисоки плати за наставниците.

На денешната прес-конференција, Јованче Манасков оцени дека образовниот систем е „распарчен, бирократизиран и брутално партизиран“, обвинувајќи дека учениците и просветните работници се жртви на, како што рече, политички експерименти.

— реклама —

Според него, училиштата се претвориле во „фабрики за оценки“, а факултетите во чекални за Бирото за вработување или за иселување, при што квалитетното образование станува сè потешко достапно за младите од семејства со поскромни приходи.

— реклама —

Како дел од предложените мерки, СДСМ предвидува ваучер во вредност од 2.000 евра за секој матурант за обуки во областа на програмирањето, вештачката интелигенција и зелените технологии, со цел младите да стекнат вештини за подобро платени работни места.

Платформата предвидува и целосно бесплатни студии на државните универзитети, како и бесплатен персонален систем за учење базиран на вештачка интелигенција за секој ученик.

— реклама —

Во делот на доживотното учење, СДСМ предлага факултетите да се трансформираат во центри за преквалификација и усовршување, а секој граѓанин да добие „дигитален пасош на знаење“ со ваучери наменети за едукација во текот на целата кариера.

— реклама —

Манасков најави и дека наставничката професија треба да добие повисок општествен статус, при што платите на наставниците би биле најмалку 25 проценти повисоки од просечната нето-плата во државата.

„Знаењето не смее да биде привилегија, туку право. Паметна држава значи моќен народ“, порача Манасков.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryr4e3qrm8svi40pH5Y8h

СДСМ излезе со 10 итни мерки за побезбедни училишта

Македонија | пред 1 месец

— реклама —
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања