Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

СДСМ: Изолацијата што ја спроведува Мицкоски - додека тие имаат бугарски пасоши, граѓаните чекаат со часови на граница

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
sdsm-i-mickoski

Додека граѓаните стојат по неколку часа во редици на јужната граница, чекајќи да влезат или да излезат од Македонија, Христијан Мицкоски и неговата Влада продолжуваат да ја изолираат државата, велат од опозициската СДСМ.

„Денеска на Богородица се чека со часови, има километарски колони.

— реклама —

Ова е директна последица од политиката на изолација што ја спроведува ВМРО.

За само две години, Мицкоски успеа да ги влоши односите со соседите, да ја блокира европската интеграција и да ја претвори Македонија во слепо црево на Балканот.

— реклама —

Граѓаните сега ја плаќаат цена за тоа секој ден, на границите, во економијата и во изгубените можности за нивните деца.

Додека највисоките функционери на ВМРО и нивните семејства си обезбедија бугарско државјанство и пасоши, и слободно и без чекање патуваат низ Европа, обичните граѓани се понижуваат со часови чекање на границите.

Оваа изолација не е случајна.

— реклама —

Таа е дел од стратегијата на ВМРО-ОКГ да се заштити од одговорност.

Со затворање на државата и создавање на наратив за „надворешни непријатели“, Мицкоски се обидува да го скрие економскиот колапс, празниот буџет и фактот дека веќе нема пари ниту за пензии.

— реклама —

СДСМ уште еднаш повторува:

Изолацијата на Македонија не е патриотизам“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryeuq4jrnkcll31UrbjKu

„За Алта банка Савески да почне од Мицкоски и Славески – сметките и трансакциите мора да се испитаат веднаш“, вели СДСМ

Македонија | пред 11 минута

— реклама —
media-library3aajff2mnjk379UVxvN

„Постојат ли 80 милиони евра во Алта банка Битола и во кое својство преговара Мицкоски?“, велат од СДСМ

Македонија | пред 1 ден

media-libraryvosnvn9kcs6604GYNY3

„Славески, имаш уште малку време да го пријавиш Мицкоски, потоа ќе биде касно!“, вели СДСМ

Македонија | пред 1 ден

media-librarymg9pbfsb39nqdl0fWU1

СДСМ: Ги поддржуваме војниците – ќе поднесеме законско решение за нивните барања

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања