Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

СДСМ: Колку ќе ги чини граѓаните Дејвид Гета и како е одлучено за фирмата организатор без тендер

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
media-libraryeca5ar1ghi08d6j9nNs

СДСМ побара одговори од Владата во врска со најавениот концерт на Дејвид Гета во Скопје, кој треба да се одржи по повод 35 години од независноста на државата, стои во партиското соопштение.

— реклама —

Од партијата прашуваат колку ќе ги чини граѓаните целиот настан, наведувајќи дека само хонорарот на Дејвид Гета, според нив, изнесува најмалку еден милион евра.

СДСМ бара објаснување и за тоа како е избрана фирмата организатор, тврдејќи дека станува збор за компанија со блокирана сметка и долгови кон УЈП.

— реклама —

„Како е одлучено токму таа фирма да организира државна манифестација, без јавен повик, без тендер“, прашуваат од СДСМ.

— реклама —

Партијата тврди дека според информации од музичките и организациските кругови, вкупната сума за настанот би можела да достигне меѓу три и пет милиони евра.

Во соопштението, СДСМ оценува дека Владата треба да даде отчет за трошоците, особено во услови кога, како што велат, студентските домови се соочуваат со лоши услови и недостиг на основни ресурси.

— реклама —

„Ние не сме против Дејвид Гета, ние сме против криминалот и корупцијата“, наведуваат од партијата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryeuq4jrnkcll31UrbjKu

„За Алта банка Савески да почне од Мицкоски и Славески – сметките и трансакциите мора да се испитаат веднаш“, вели СДСМ

Македонија | пред 1 час

— реклама —
media-library3aajff2mnjk379UVxvN

„Постојат ли 80 милиони евра во Алта банка Битола и во кое својство преговара Мицкоски?“, велат од СДСМ

Македонија | пред 1 ден

media-libraryvosnvn9kcs6604GYNY3

„Славески, имаш уште малку време да го пријавиш Мицкоски, потоа ќе биде касно!“, вели СДСМ

Македонија | пред 1 ден

media-librarymg9pbfsb39nqdl0fWU1

СДСМ: Ги поддржуваме војниците – ќе поднесеме законско решение за нивните барања

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања