Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

СДСМ: Кризна состојба поради тендери – зошто мазутот не беше навреме набавен?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 10 месеци -

Македонија
nafta-mazut

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија оцени дека прогласувањето кризна состојба во енергетиката не е резултат на надворешни фактори, туку последица на криминални тендери и неспособно управување од страна на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

Од СДСМ посочуваат дека официјалните податоци покажуваат сериозни финансиски и производствени проблеми во енергетскиот сектор. Само во првите два квартали од годинава, загубите изнесуваат 77 милиони евра, а проекциите се дека до крајот на 2025 година тие ќе надминат 100 милиони евра. Истовремено, се бележи историски најлошо производство на домашна електрична енергија – од планирани 5.100 гигават часови, не е произведена ниту половина од таа количина.

— реклама —

Според СДСМ, наместо да се произведува струја во земјава по цена од 80 до 90 евра за мегават час, Владата се одлучува за увоз на електрична енергија по значително повисока цена, од околу 140 евра за мегават час. Разликата, како што велат од партијата, на крајот ја плаќаат граѓаните, преку прогласување кризна состојба и покривање на загубите.

Во тој контекст, од СДСМ го отвораат и клучното прашање – зошто мазутот, како неопходен енергенс, не бил навреме набавен и зошто се чекало до последен момент. Тие прашуваат дали можеби веќе постои избрана фирма за снабдување со мазут и каква е логиката да се трошат преостанатите државни резерви без обезбедени нови количини, што, според нив, дополнително ќе ја продлабочи финансиската загуба на ЕСМ.

— реклама —

Партијата тврди дека ваквите одлуки не се случајни, туку се дел од модел на управување поврзан со тендери и профит за поединци, посочувајќи на примери со десетици тендери доделени на една фирма или милионски суми за компании со минимален број вработени.

— реклама —

Според СДСМ, комбинацијата од над 100 милиони евра загуби во енергетиката и буџетска дупка од околу една милијарда евра е директна последица на криминални тендери, а цената за тоа, како што нагласуваат, повторно ќе ја платат граѓаните.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryeuq4jrnkcll31UrbjKu

„За Алта банка Савески да почне од Мицкоски и Славески – сметките и трансакциите мора да се испитаат веднаш“, вели СДСМ

Македонија | пред 5 часа

— реклама —
media-library3aajff2mnjk379UVxvN

„Постојат ли 80 милиони евра во Алта банка Битола и во кое својство преговара Мицкоски?“, велат од СДСМ

Македонија | пред 1 ден

media-libraryvosnvn9kcs6604GYNY3

„Славески, имаш уште малку време да го пријавиш Мицкоски, потоа ќе биде касно!“, вели СДСМ

Македонија | пред 1 ден

media-librarymg9pbfsb39nqdl0fWU1

СДСМ: Ги поддржуваме војниците – ќе поднесеме законско решение за нивните барања

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања