Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

СДСМ: Македонија е на дното по стандард, на врвот по часовниците на Мицкоски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 месеци -

Македонија
media-librarycippd0svfb8bcOjtJ44

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија реагира дека државата се најде меѓу „првите во светот“ единствено по луксузот што го носи премиерот Христијан Мицкоски, а не по квалитетот на животот на граѓаните. Повод за реакцијата е објавената ранг-листа на компанијата IFL Watches, која ги споредува часовниците што ги носат шефовите на држави и влади на земјите членки на НАТО и нивната вредност.

— реклама —

Според наводите на СДСМ, Мицкоски со часовник чија цена се движи меѓу 6.900 долари се најде меѓу првите пет на листата со најскапи часовници, што, како што велат од партијата, е поразителен симбол за состојбата во која се наоѓа државата. Тие додаваат дека доколку во предвид се земела и, како што тврдат, колекцијата на луксузни часовници во вредност од околу 60.000 евра, која не е јасно прикажана во имотната состојба на премиерот, Македонија би била и формално на првото место.

— реклама —
— реклама —

Од СДСМ оценуваат дека ваквите податоци се навредливи за граѓаните, имајќи предвид дека Македонија, според релевантни меѓународни споредби, е на дното на Балканот по животен стандард, на последните места во Европа по висина на платите и минималната плата, како и во категорија на земји со исклучително низок економски капацитет. Во таа смисла, велат дека државата е етикетирана и како земја од „трет свет“ во одредени меѓународни извештаи.

— реклама —

„Само кога се мерат скапите часовници на Мицкоски сме меѓу првите во светот“, порачуваат од СДСМ, нагласувајќи дека тоа најдобро ја отсликува реалноста во Македонија. Според партијата, актуелната власт служи пред сè за лично богатење на функционерите, додека граѓаните се соочуваат со ниски примања, скап живот и секојдневна борба за основна егзистенција.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryeuq4jrnkcll31UrbjKu

„За Алта банка Савески да почне од Мицкоски и Славески – сметките и трансакциите мора да се испитаат веднаш“, вели СДСМ

Македонија | пред 5 часа

— реклама —
media-library3aajff2mnjk379UVxvN

„Постојат ли 80 милиони евра во Алта банка Битола и во кое својство преговара Мицкоски?“, велат од СДСМ

Македонија | пред 1 ден

media-libraryvosnvn9kcs6604GYNY3

„Славески, имаш уште малку време да го пријавиш Мицкоски, потоа ќе биде касно!“, вели СДСМ

Македонија | пред 1 ден

media-librarymg9pbfsb39nqdl0fWU1

СДСМ: Ги поддржуваме војниците – ќе поднесеме законско решение за нивните барања

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања