Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

СДСМ: Мицкоски да прифати затворена седница на Собрание, да каже каков е планот за евроинтеграциите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
sobranie-nov-sostav-sdsm

„ВМРО-ДПМНЕ и Владата имаат должност да го информираат Собранието и пратениците кои се следните чекори во однос на ЕУ интеграциите откако целосно го закочија процесот а Албанија се одвои од Македонија на патот кон ЕУ“, вели СДСМ и додава:

— реклама —

Граѓаните не смеат да останат без јасна перспектива, ниту ВМРО-ДПМНЕ има право еднострано да ги прекинува преговорите, без јасно да каже што е алтернативата. Тие ветуваа подобри услови во преговорите, ветуваат промена на преговарачката рамка, ветуваа мудра дипломатија. Од тоа засега нема ништо и не смеат понатаму да продолжат на овој начин, без план и без стратегија.

— реклама —

Ако се откажани од ЕУ интеграциите, треба да кажат која алтернатива ја нудат за долгорочен развој на државата. Ако не се откажани треба да кажат кој е планот, кои конкретни чекори се преземаат, кои се роковите и што може да очекуваат граѓаните по однос на ова прашање.

— реклама —

На затворената седница очекуваме да изложат детални информации за тоа кои членки ја поддржуваат идеајта на Владата за промена на преговарачката рамка, да кажат зошто стратешкиот партнер Унгарија гласаше за одовојување на Албанија и Македонија и кои се дипломатските стратегии со кои планираат да ја подобрат позицијата и откочат преговорите.

— реклама —

СДСМ ќе делува контруктивно во Собранието и ќе ја поддржи секоја искрена идеја да се надмине оваа состојба на статус кво во која сме доведени. ВМРО-ДПМНЕ мора да сфати дека не е веќе опозиција и да демонстрира лидерство и визионерство наместо да ги гледа тесно партиските интереси.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryeuq4jrnkcll31UrbjKu

„За Алта банка Савески да почне од Мицкоски и Славески – сметките и трансакциите мора да се испитаат веднаш“, вели СДСМ

Македонија | пред 41 минута

— реклама —
media-library3aajff2mnjk379UVxvN

„Постојат ли 80 милиони евра во Алта банка Битола и во кое својство преговара Мицкоски?“, велат од СДСМ

Македонија | пред 1 ден

media-libraryvosnvn9kcs6604GYNY3

„Славески, имаш уште малку време да го пријавиш Мицкоски, потоа ќе биде касно!“, вели СДСМ

Македонија | пред 1 ден

media-librarymg9pbfsb39nqdl0fWU1

СДСМ: Ги поддржуваме војниците – ќе поднесеме законско решение за нивните барања

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања