Промени тема
Контакт

СДСМ: Мицкоски ги излажа и ги изневери граѓаните

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
media-libraryahfai3rk0mms0oz7Uhs

Членката на Извршниот одбор на СДСМ, Симона Цветановски, на денешната прес-конференција обвини дека премиерот Христијан Мицкоски не ги исполнил ветувањата што ги дал пред доаѓањето на власт.

„Граѓаните добро знаат дека Мицкоски, кога клечеше и молеше за власт, ветуваше враќање на името, промена на преговарачката рамка и укинување на Преспанскиот договор. Ги излажа граѓаните“, изјави Цветановски.

Таа додаде дека „му пропаднал лажниот патриотизам“ и обвини дека дел од владините функционери поседуваат бугарски пасоши.

Од СДСМ тврдат дека Владата не ги исполнила ниту економските ветувања.

— реклама —

„По две години Влада на Мицкоски, граѓаните живеат полошо, едвај врзуваат крај со крај, со најниски плати во Европа и секојдневна борба да се преживее од први до први“, рече Цветановски.

— реклама —

Таа посочи дека синдикалната кошничка достигнала речиси 69.000 денари, додека минималната плата е 26.000 денари.

Според СДСМ, странските инвестиции се намалиле за 61 процент, а бројот на вработени во индустријата за една година опаднал за 2,8 проценти.

— реклама —

Цветановски обвини и за зголемување на јавниот долг, тврдејќи дека за две години бил создаден нов долг од 2,5 милијарди евра.

„Мицкоски ги излажа и ги изневери граѓаните“, порача Цветановски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryul04tfl69ikbbvFQzUN

„Арамија Мицкоски и Клековски ги кријат извештаите за водата - Сега умре и рибата во Треска“, вели СДСМ

Македонија | пред 15 часа

— реклама —
media-libraryl85o3cek89n79Kn961t

„Мицкоски: 200.000 граѓани славеле - Гета објави 50.000, арамијата чим ќе зине - лага“, велат од СДСМ

Македонија | пред 18 часа

236816881_327299032472860_31726440552678132_n

СДСМ бара ДДВ од пет отсто за горивата: Предлогот на Владата е задоцнета и половична мерка

Македонија | пред 1 ден

media-librarylp2s5vk725q13iyFSDS

СДСМ бара Вранецот да се откупува по 28, а Смедеревката по 25 денари

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања