Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

СДСМ: Мицкоски на прославата за 35 години независна Македонија, исто како на Илинден - го нарекува народот „талог“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-library2672l82he69g0mwZWZG

СДСМ го обвини премиерот Христијан Мицкоски за лицемерие и за користење, како што велат од партијата, опасна реторика по неговото обраќање на прославата по повод 35 години независност на Македонија.

Од СДСМ посочуваат дека Мицкоски најпрво повикал на единство, а потоа зборувал за потребата да се „расчистува со талогот“. Според опозициската партија, тоа претставува отворена закана и порака дека власта одлучува „кој е талог“.

— реклама —

„Исто како менторот Вучиќ. Повторно копи-пејст. Прво навредување, а потоа повик на единство. Хипокризија во најчиста форма“, велат од СДСМ.

— реклама —

Од партијата особено го критикуваат фактот што Мицкоски на прославата седел до државниот обвинител Ненад Савески, оценувајќи дека со тоа се испраќа порака за поврзаноста меѓу власта и институциите.

„Ова не е државнички говор. Ова е отворена закана“, велат од СДСМ, додавајќи дека граѓаните, опозицијата и критичарите не смеат да бидат нарекувани „талог“.

— реклама —

Од СДСМ во соопштението ја обвинуваат Владата и за, како што тврдат, „криминални тендери“, задолжувања од четири милијарди евра за две години, мито во институциите, поделби и заплашување на критичарите и медиумите.

— реклама —

„СДСМ ќе продолжи да ја брани демократијата, слободата на говор и правото на секој граѓанин да не биде обележан како ‘талог’ само затоа што мисли поинаку“, порачаа од партијата.

Од СДСМ додаваат дека „народот ќе победи, криминалците ќе одговараат, а власта ќе биде вратена на граѓаните“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library3aajff2mnjk379UVxvN

„Постојат ли 80 милиони евра во Алта банка Битола и во кое својство преговара Мицкоски?“, велат од СДСМ

Македонија | пред 21 час

— реклама —
media-libraryvosnvn9kcs6604GYNY3

„Славески, имаш уште малку време да го пријавиш Мицкоски, потоа ќе биде касно!“, вели СДСМ

Македонија | пред 22 часа

media-librarymg9pbfsb39nqdl0fWU1

СДСМ: Ги поддржуваме војниците – ќе поднесеме законско решение за нивните барања

Македонија | пред 1 ден

media-libraryul04tfl69ikbbvFQzUN

„Доцнат плати во државни институции, општини не можат да плаќаат преку Трезорот - до толку ли ја испразни Мицкоски државната каса?“, вели СДСМ

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања