Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

СДСМ: Мицкоски се претвори во обвинител и судија кога нема резултати

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
media-library2672l82he69g0mwZWZG

СДСМ обвини дека премиерот Христијан Мицкоски врши политички притисок врз институциите и ја злоупотребува правдата за пресметка со политичките противници.

— реклама —

Од партијата велат дека Мицкоски, преку јавни настапи и изјави, најавува апсења на поранешни функционери и на тој начин, според нив, директно влијае врз работата на правосудните органи.

„Ова не е владеење на правото, туку политички прогон. Мицкоски јавно му дели наредби на Обвинителството и одлучува кој е виновен, а кој не“, соопштија од СДСМ.

— реклама —

Од опозициската партија оценуваат дека Владата нема резултати по две години на власт и дека, наместо да се фокусира на економските и реформските процеси, создава политички конфликти.

— реклама —

„Кога нема резултати, тогаш се бркаат поранешни функционери. Кога нема реформи, тогаш се најавуваат апсења“, наведуваат од СДСМ.

Партијата обвинува дека институциите се користат како политичко оружје против опозицијата и дека земјата има потреба од независно и непристрасно правосудство.

— реклама —

Според СДСМ, вистинската причина за, како што велат, „хајката“ е недостатокот на резултати од работата на Владата, поради што се создава наратив за пресметка со минатото.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library3aajff2mnjk379UVxvN

„Постојат ли 80 милиони евра во Алта банка Битола и во кое својство преговара Мицкоски?“, велат од СДСМ

Македонија | пред 22 часа

— реклама —
media-libraryvosnvn9kcs6604GYNY3

„Славески, имаш уште малку време да го пријавиш Мицкоски, потоа ќе биде касно!“, вели СДСМ

Македонија | пред 23 часа

media-librarymg9pbfsb39nqdl0fWU1

СДСМ: Ги поддржуваме војниците – ќе поднесеме законско решение за нивните барања

Македонија | пред 1 ден

media-libraryul04tfl69ikbbvFQzUN

„Доцнат плати во државни институции, општини не можат да плаќаат преку Трезорот - до толку ли ја испразни Мицкоски државната каса?“, вели СДСМ

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања