Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство

СДСМ: Мицкоски со нови изборни пораки – повторување на „српскиот модел“?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
media-library8o6a78s5i0uq3Y1bzeR

СДСМ реагира дека најновите изјави на премиерот Христијан Мицкоски, во кои повторно говори за можни избори, се „директен сигнал“ дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ го следи моделот на српскиот претседател Александар Вучиќ. Во партиското соопштение, Мицкоски е наречен „мали Вучко“, а неговите настапи СДСМ ги оценува како координација со процесите во регионот.

Партијата посочува дека симултаното појавување на „лажни анкети“ и најави за избори потсетува на политичките решенија во Србија, каде Вучиќ само неколку часа претходно најавил предвремени парламентарни избори.

— реклама —

„Вучиќ модел“ и реконструкција како шминкање

СДСМ наведува дека вчерашната реконструкција на Владата е „обично шминкање“ – практика што долго ја применува Вучиќ, по што следат дополнителни објаснувања и, најчесто, распишување избори.

— реклама —

„Овој модел денес го гледаме и во Македонија“, стои во соопштението.

— реклама —

Регионални паралели: Орбан – Вучиќ – Груевски – Мицкоски

СДСМ потсетува дека на пролет Унгарија оди на избори, каде што владее партијата ФИДЕС на Виктор Орбан – политички сојузник и за Вучиќ и за Груевски. Според СДСМ, оваа „вертикала“ функционира со години, а во таа линија се вметнува и Словачка со премиерот Роберт Фицо.

Партијата предупредува дека во овие држави избувнаа масовни протести предизвикани од корупција, а истиот феномен – велат – се чувствува и во Србија, каде граѓаните речиси цела година протестираат поради „катастрофалната корупција“, која, меѓу другото, се поврзува и со падот на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад, каде загинаа 16 луѓе.

СДСМ посочува и на изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп, кој пред два дена обвини српска компанија со седиште во Белград – „Roaming Networks“ („Dot Networks“) – дека преку сервери учествувала во вмешување во изборите во САД во 2020 година.

Покрај тоа, партијата потсетува дека српските медиуми со години објавуваат делови од „СКАЈ“ преписките добиени преку ЕВРОПОЛ, кои водат до криминални структури во Србија, Црна Гора, па и пошироко. Во Србија се очекува да се открие кој стои зад шифрата „Оскар“.

„Кај нас барем е лесно – сите знаеме кој е македонскиот ‘Оскар’. Имаме и мал и голем ‘Оскар’“, порача СДСМ.

Посочено е и неодамнешното апсење на поранешната шефица на европската дипломатија Федерика Могерини поради корупциски истраги поврзани со дијалогот Белград–Приштина.

СДСМ оценува дека доколку Србија оди на избори на пролет, истото ќе се случи и во Македонија.

„Груевски, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ немаат луксуз да го дочекаат падот на српскиот режим. Тогаш ќе се откријат сите поврзаности, сите приказни“, наведува партијата.

Според СДСМ, бегалскиот статус на Груевски директно зависи од исходот на изборите во Унгарија, па затоа „по секоја цена мора да обезбеди власт во Македонија под своја контрола“.

СДСМ порача дека Македонија повторно се наоѓа пред фаза на политичко „прочистување“, со алузија на најавите за „катарза“ од страна на Мицкоски.

„Изгледа дека соседите ја живеат нашата 2015 година. Не грижете се – ние повторно сме двојно подобри. Верзија 2.0 штотуку почна да работи“, стои во соопштението.

Партијата завршува со политичка порака:

„Време е за нов лист. Нова сила, нова енергија, нов тим и вистински правец: Европа. Работата не е завршена.“

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryhparun6lss652unJ5gS

„Уште само еден ден до неисполнување на ветувањата на Мицкоски за Реформската агенда“, велат од СДСМ

Македонија | пред 12 минути

— реклама —
media-librarys3p4s88r2p4pfrZNenA

Стојчевски: Распишете референдум, младите сами да одлучат за својата иднина

Македонија | пред 22 часа

media-library78gbr1ap8avtfzReKWD

СДСМ: Долгот надмина 11 милијарди евра, кога министерката Кочовска ќе ни објасни на нас и на граѓаните?

Македонија | пред 23 часа

media-library2672l82he69g0mwZWZG

СДСМ: Уште 2 дена до неисполнување на ветувањето на Мицкоски, нема реформи, нема Груевски - има Стоилковиќ и Кина

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања