Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

СДСМ: Мицковски од „нема избори“ до „избори многу скоро“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
media-libraryr2fpr1d4h6jr1cArv3e

СДСМ преку соопштение обвини дека премиерот Христијан Мицкоски повторно ги менува своите ставови, откако денеска изјави дека парламентарни избори може да има „многу скоро“, иако, според опозициската партија, со месеци уверувал дека нема да има предвремени избори.

— реклама —

Од СДСМ велат дека ова не е првпат Мицкоски да испраќа спротивставени пораки до јавноста, посочувајќи дека во минатото имал различни позиции за Преспанскиот договор, членството во НАТО и европските интеграции.

— реклама —

„Има двајца Христијан Мицкоски. Едниот ќе го враќаше името и го оспоруваше Преспанскиот договор, а другиот го прогласи за ремек-дело на дипломатијата. Едниот беше против НАТО, другиот денес го фали членството. Истото се случува и со изборите“, наведуваат од СДСМ.

— реклама —

Според партијата, додека Владата имала можност за нови задолжувања, Мицкоски тврдел дека нема да има избори, а сега, како што велат, „одеднаш изборите станале многу скоро“.

— реклама —

„На сите им е јасно дека Мицкоски дојде на власт со лаги и дека денес владее со лаги“, се наведува во реакцијата на СДСМ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarymg9pbfsb39nqdl0fWU1

СДСМ: Ги поддржуваме војниците – ќе поднесеме законско решение за нивните барања

Македонија | пред 20 минути

— реклама —
media-libraryul04tfl69ikbbvFQzUN

„Доцнат плати во државни институции, општини не можат да плаќаат преку Трезорот - до толку ли ја испразни Мицкоски државната каса?“, вели СДСМ

Македонија | пред 1 час

media-library8kqrs88r772q9V7xswt

СДСМ: Ширење паника или паника кај Мицкоски

Македонија | пред 1 ден

media-library3aajff2mnjk379UVxvN

„Два сценарија на Мицкоски за Алта банка - ниту едно не држи“, велат од СДСМ

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања