Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

СДСМ: Нема пари за референдум, а има за криминални тендери и нов авион

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
media-librarythppdii899tk9On5Afy

СДСМ преку соопштение обвини дека Владата, предводена од Христијан Мицкоски, признава дека нема финансиски средства за организирање референдум, додека истовремено, според партијата, троши пари за сомнителни тендери и луксузни набавки.

— реклама —

Од партијата велат дека ова е уште една потврда дека во буџетот недостигаат средства и покрај секојдневното задолжување на државата.

„Има пари само за криминалната група ВМРО“, наведуваат од СДСМ.

— реклама —

Во соопштението СДСМ тврди дека постојат милионски тендери доделени на фирми блиски до власта, меѓу кои ги споменуваат компаниите „Мастеф“, „Пирамид Билдинг“ и „Ленди груп“, како и фирми поврзани со лица од владејачките структури.

— реклама —

Партијата обвинува дека има средства за, како што велат, „нов авион за Мицкоски да оди на море“, но нема за зголемување на платите, минимална плата од 600 евра, мерки за граѓаните и субвенции за земјоделците.

СДСМ порача дека граѓаните треба сами да одлучат за својата иднина и повторно побара распишување референдум.

— реклама —

„Граѓаните не сакаат да ја плаќаат цената на криминалот на Мицкоски и неговата банда. Граѓаните мора да ја земат одлуката за иднината во свои раце“, се наведува во реакцијата на СДСМ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryeuq4jrnkcll31UrbjKu

„За Алта банка Савески да почне од Мицкоски и Славески – сметките и трансакциите мора да се испитаат веднаш“, вели СДСМ

Македонија | пред 59 минути

— реклама —
media-library3aajff2mnjk379UVxvN

„Постојат ли 80 милиони евра во Алта банка Битола и во кое својство преговара Мицкоски?“, велат од СДСМ

Македонија | пред 1 ден

media-libraryvosnvn9kcs6604GYNY3

„Славески, имаш уште малку време да го пријавиш Мицкоски, потоа ќе биде касно!“, вели СДСМ

Македонија | пред 1 ден

media-librarymg9pbfsb39nqdl0fWU1

СДСМ: Ги поддржуваме војниците – ќе поднесеме законско решение за нивните барања

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања