Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

СДСМ: Нова козметичка операција на тендер коалицијата наречена „реконструкција на Владата“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
media-libraryujd54c325i5447Pt9Vc

СДСМ преку соопштение остро реагираа на најавите за средба меѓу коалициските партнери во Владата поврзана со можна реконструкција на владиниот состав, оценувајќи дека станува збор за „козметичка операција“ која нема да донесе суштински промени.

— реклама —

Според опозициската партија, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ веќе две години не успева да испорача резултати во клучните области, поради што реконструкцијата ја сметаат за обид за прикривање на неуспесите.

„Наместо вистински реформи и одговорност, добиваме само шминка на Владата и мачкање очи на јавноста“, наведуваат од СДСМ.

— реклама —

Од партијата упатија критики и кон ЗНАМ, тврдејќи дека партијата се соочува со внатрешни проблеми и губење на политичка поддршка, додека истовремено изразува задоволство од работата на своите функционери во извршната власт.

— реклама —

СДСМ обвинува дека во изминатиот период владејачката коалиција била фокусирана на тендери и распределба на јавни ресурси, наместо на решавање на економските предизвици, подобрување на животниот стандард и напредок на евроинтегративниот процес.

„Наместо реконструкција која ќе значи промена, добиваме театарска претстава во која се обидуваат да ја продолжат истата политика“, велат од партијата.

— реклама —

Од СДСМ порачуваат дека на граѓаните им се потребни конкретни резултати, подобар животен стандард и отчетност, а не кадровски промени кои, според нив, нема да донесат суштински промени во функционирањето на Владата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryeuq4jrnkcll31UrbjKu

„За Алта банка Савески да почне од Мицкоски и Славески – сметките и трансакциите мора да се испитаат веднаш“, вели СДСМ

Македонија | пред 25 минути

— реклама —
media-library3aajff2mnjk379UVxvN

„Постојат ли 80 милиони евра во Алта банка Битола и во кое својство преговара Мицкоски?“, велат од СДСМ

Македонија | пред 1 ден

media-libraryvosnvn9kcs6604GYNY3

„Славески, имаш уште малку време да го пријавиш Мицкоски, потоа ќе биде касно!“, вели СДСМ

Македонија | пред 1 ден

media-librarymg9pbfsb39nqdl0fWU1

СДСМ: Ги поддржуваме војниците – ќе поднесеме законско решение за нивните барања

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања