Промени тема
Контакт

СДСМ обвинува: Загуба од над 100 милиони евра во ЕСМ – кој профитира од увозот на струја?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 месеци -

Македонија
media-librarylro9failm1j7aJGVLAg

Генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ, денеска обвини дека поскапувањето на електричната енергија и прогласувањето кризна состојба не се резултат на надворешни фактори, туку на, како што рече, криминални тендери и неспособно управување со енергетскиот сектор од страна на Владата.

Според Димитријевиќ, наместо да се зголемат платите и пензиите, граѓаните се соочуваат со повисоки сметки за струја, додека државниот буџет се соочува со дупка од околу една милијарда евра. Тој тврди дека за само година и половина, Владата ја довела државната енергетска компанија ЕСМ до финансиски и производствен колапс.

„Оваа година имаме историски најниско производство на домашна струја – не е произведена ниту половина од планираните 5.100 GWh. Наместо домашно производство кое чини 80–90 евра по мегават-час, државата купува струја по цена од 140 евра“, истакна Димитријевиќ.

— реклама —

Според податоците што ги изнесе, загубата на ЕСМ за првите два квартали од 2025 година изнесува 77 милиони евра, а проекциите се дека до крајот на годината таа ќе надмине 100 милиони евра. Токму овие загуби, според СДСМ, се причина за поскапувањето на струјата и за прогласувањето кризна состојба.

— реклама —

Димитријевиќ го постави и клучното прашање – кој профитира од скапиот увоз на електрична енергија и зошто навреме не биле обезбедени енергенси, како мазутот. Тој повторно ги посочи и, како што рече, сомнителните тендери, меѓу кои 161 тендер доделени на една фирма и договор од 9 милиони евра за компанија со само двајца вработени.

СДСМ побара Јавното обвинителство итно да отвори истрага за загубите во енергетскиот сектор и да се утврди одговорност.

— реклама —

„Кој ќе одговара за над 100 милиони евра загуба? Кој заработува додека народот плаќа поскапа струја? Одговорност мора да има“, порача генералниот секретар на СДСМ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryifj7namj2f1n0svrrZY

СДСМ: Нема одговор, има матрица – приватна фирма плаќа, Мицкоски ја продава државата, за него антимон, за граѓаните отров!

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
media-librarydi2a0nqmq6ra5yxVQxa

СДСМ: Дефицит од 900 милиони евра - Мицкоски ја распродава Македонија затоа што нема економски резултати

Македонија | пред 1 ден

media-libraryn3ugtfmiffgkek0Fi1u

ВМРО-ДПМНЕ: СДС да не шират паника, Филипче да не се грижи, пензискиот фонд е стабилен

Македонија | пред 2 дена

media-libraryhqad4r76cv7d9qnMbjp

СДСМ: Тошковски бара ЕУ да нè гледа како другите – ЕУ гледа „банда на власт“, тоа не е народот

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања