Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

СДСМ: Од 32 на 19,3 проценти – бројките го покажуваат падот на ВМРО

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Македонија
media-libraryn3ugtfmiffgkek0Fi1u

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Во нивната анкета стои 19,3 проценти. Од околу 32 на изборите, пад на 19. Зборуваат за убедливо водство, а бројките покажуваат пад на поддршката, велат од опозициската СДСМ.

„41 процент нема да излезат, не знаат или не сакаат да одговорат. Тоа не е водство.

Невозможно е повеќе да се скријат секојдневните лаги.

Економијата е во колапс. Втор ребаланс за четири месеци, трет најавен. За пензиите фалат околу милијарда, а вториот пензиски столб  нема пари.

— реклама —

Во буџетот фалат 1,3 милијарди. За две години долг од околу 4 милијарди, повеќе од половина од независноста. Нема зголемување на минималната плата. Левица, нивниот сателит, не влезе ни во салата.

Ова е дипломатија на намерни конфликти. Целосна изолација. Нема поле каде што се успешни. Народот ги виде лагите со кои дојдоа на власт.

Нема веќе предавање на национален интерес. Единствен предавач е организираната криминална група ВМРО и арамијата Мицкоски.

Тимчо Муцунски потврди - Билатералните прашања не се дел од преговарачката рамка. Преспа, вели Мицкоски е ремек-дело. Сиљановска: идентитет, јазик и култура се заштитени. Европа го потврди тоа. Последна во низата, претседателката на Комисијата, рече не се преговара со Бугарија, се  преговара со ЕУ.

— реклама —

Намерни провокации: прво фашисти, па коњопој, пред средба на Муцунски со бугарската министерка.

Условот за кандидатите за ЕУ е соработка со независното обвинителство и соработката со Лаура Ковеши. А потоа, некој мора да понесе одговорност.

Затоа  е паниката. Затоа платеници- ЗНАМ, кои што ја предаде партијата па гласачите и Платформата, ЗНАМ 2.0, за 1,6 милиони тендер. Руската Левица, која е анти-ЕУ, анти-НАТО, против стратешкиот партнер Америка, кои што не гласаа за платата на работниците.

Целта е да ја запрат единствената опозиција.

СДСМ ја враќа довербата токму сега, кога граѓаните знаат дека сè било лага.

— реклама —

Секој ден гледаат задолжување, провизија, рудник за трговец со оружје, дата центри за туѓа дигитализација, провизија за арамијата.

За народот вели талог, глодари, медиокритети, а за себе елита и институција.

Најпосле ВМРО го призна падот. Вистинскиот е поголем. Повеќе не можеше да се штелува, затоа што и за ова веќе никој не им верува.

Се сеќавате на анкетите во Унгарија. И на изјавите на ВМРО за победа на менторот на Мицкоски и заштитникот на бегалец Грујевски - Виктор Орбан. Што се случи?

— реклама —

Народот победи.

Наскоро народот ќе победи и тука. Власта ќе биде во рацете на граѓаните.

Нема анкета што ќе ги спаси од правдата. Од неа не се посилни“, се вели во соопштението.

media-library345jp31ofpbidHYuLh7

Анкета: Мицкоски со 20,4% доверба, Филипче со 3,8% – голема разлика и кај партиите

ВМРО-ДПМНЕ има значителна предност пред СДСМ, а Христијан Мицкоски има повисока доверба од Венко Филипче, покажува најновата анкета на МКД.мк, спроведена од агенцијата „Маркет вижн“ во периодот од 11 до 27 септември, на примерок од 1.200 испитаници.На прашањето за која политичка партија би гласале на следните избори, 19,3 отсто од испитаниците се изјасниле за ВМРО-ДПМНЕ, додека 5,6 отсто би гласале за СДСМ. ДУИ и ВЛЕН имаат идентична поддршка од 4,2 отсто.Според резултатите, 41 отсто од испитани

Македонија | пред 3 седмици

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryo8gsngqa5ffq3huQUuP

СДСМ: Мицкоски бара алиби за избори преку Брвеница, вистината за Алта банка не може да се покрие со општина

Македонија | пред 11 час

— реклама —
media-libraryn3d4hek0c1pu1TtueqE

Додека Црна Гора проверува, кај нас сè е докажано - Балканскиот картел се распаѓа - Мицкоски остана сам, велат од СДСМ

Македонија | пред 12 часа

media-libraryd12cvcl72ad37KjwVDn

Владата го одби амандманот на СДСМ за над една милијарда денари дополнителна поддршка за земјоделците

Македонија | пред 3 дена

media-library5bl037kdm1f1bS9sQDN

СДСМ: Муцунски за Ива Михаилова вели „Непристојно е земја членка на ЕУ да стане прибежиште за бегалци од правдата" - а за Груевски?

Македонија | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања