Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

СДСМ: Орце Ѓорѓиевски чита календар за прскање, а Скопје брои четири починати

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
sdsm-zgrada-1-366121

СДСМ го повика градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, да одговори за состојбата со епидемијата во главниот град, откако, според партијата, до 18 август биле регистрирани 38 заболени и четири смртни случаи.

— реклама —

Од партијата наведуваат дека 37 од регистрираните случаи се од Скопскиот регион, додека починатите биле мажи на возраст од 62 до 83 години од Скопје.

„Ако прскањето од 7 мај било толку успешно, зошто токму Скопје е епицентар?“, прашуваат од СДСМ, оценувајќи дека самото наведување на датумите на третманите против комарци не е доволен доказ за нивната ефикасност.

— реклама —

СДСМ тврди дека доколку биле спроведени повеќе третмани против ларви, како и авионско и теренско прскање, а епидемијата сепак се шири во Скопје, потребно е да се утврди дали мерките биле навремени и доволно ефикасни и дали сите жаришта биле соодветно третирани.

— реклама —

Од партијата посочуваат дека особено ранливи се постарите лица и хронично болните, а бараат одговори за ефикасноста на спроведеното прскање, локациите на потенцијалните жаришта и навременоста на упатствата до граѓаните.

„СДСМ нема да молчи за јавното здравје. Бараме одговор, не сензација“, наведуваат од партијата.

— реклама —

Од СДСМ дополнително го повикуваат Ѓорѓиевски да објасни како дошло до ширење на вирусот во Скопје, доколку, како што тврдат, мерките против комарците биле навремено и соодветно спроведени.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarydh478nk3bt4a8pTWIOs

(Видео) „На 13 ноември Скопје беше ослободено, а денеска е заробено од криминална власт“, вели Давчевски

Македонија | пред 5 часа

— реклама —
media-libraryd284jdr2diucdSIroCj

„Мицкоски панично ја брани Алта банка – Савески веднаш да постапи по кривичната пријава против Славески!“, велат од СДСМ

Македонија | пред 7 часа

media-libraryai70uklb91bl95snuYp

СДСМ: Со паузи власта ги спречи опозициските пратенички прашања

Македонија | пред 23 часа

slaveski1

(Видео) „СДСМ бара привремена забрана за вршење должности на Трајко Славески и останатите во НБРМ за Алта банка“, вели Димитријевиќ

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања