Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

СДСМ поднесе кривична пријава против сопствениците на Алфа ТВ од Унгарија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Македонија
media-librarya6c1psbkkpqs88n6Ilf

СДСМ соопшти дека поднеле кривична пријава до Јавното обвинителство против повеќе физички и правни лица, меѓу кои и сопствениците на Алфа ТВ од Унгарија, поради сомнежи за перење пари, даночно затајување и фалсификување деловни книги.

— реклама —

Според партијата, пријавата се однесува и на унгарскиот бизнисмен Питер Шац, како и управителите на компаниите „Таргет Медиа“ и „Алфа Скоп“, при што се тврди дека постои организирана шема на финансиски трансакции преку кои, од 2017 година наваму, во земјава биле префрлени околу 2,85 милиони евра.

— реклама —

Од СДСМ наведуваат дека средствата биле прикривани преку фиктивни договори за маркетинг и рекламирање со компании без реална економска активност, како и преку таканаречени „школка-компании“, со цел заобиколување на законите за транспарентност.

— реклама —

Партијата тврди дека постојат сомнежи за внесување невистинити податоци во деловните книги и легализација на сомнителен капитал, додавајќи дека за случајот веќе имало постапка која, според нив, не е доведена до крај.

— реклама —

Од СДСМ побараа институциите итно да постапат, да ги обезбедат доказите и да утврдат одговорност.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryeuq4jrnkcll31UrbjKu

„За Алта банка Савески да почне од Мицкоски и Славески – сметките и трансакциите мора да се испитаат веднаш“, вели СДСМ

Македонија | пред 2 часа

— реклама —
media-library3aajff2mnjk379UVxvN

„Постојат ли 80 милиони евра во Алта банка Битола и во кое својство преговара Мицкоски?“, велат од СДСМ

Македонија | пред 1 ден

media-libraryvosnvn9kcs6604GYNY3

„Славески, имаш уште малку време да го пријавиш Мицкоски, потоа ќе биде касно!“, вели СДСМ

Македонија | пред 1 ден

media-librarymg9pbfsb39nqdl0fWU1

СДСМ: Ги поддржуваме војниците – ќе поднесеме законско решение за нивните барања

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања