Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

СДСМ прашува: Како пет тони дрога ја минале границата и кој ќе одговара ако била незаконски произведена

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
media-librarytd89qso8222p1uMqAoD

СДСМ реагира дека поминала цела недела откако јавноста беше информирана за, како што го нарекуваат, картелскиот скандал со пет тони дрога од Македонија, запленети во соседна Србија, а сè уште нема одговор како толкава количина наркотична дрога ја поминала македонската граница.

Од партијата прашуваат кој ќе понесе одговорност и кој во врвот на власта стои зад криминалниот бизнис со шверц на дрога, нагласувајќи дека без поддршка од власта и без вмешаност на структури во Министерството за внатрешни работи, Царинската управа и други институции, не е можно пет тони дрога да бидат прошверцувани надвор од државата.

— реклама —

СДСМ оценува дека поврзаноста на криминалните структури во Македонија и во Србија е очигледна за јавноста, а молкот од страна на власта, според нив, е најсилната потврда за тоа. Дополнително, од опозицијата сметаат дека со медиумска кампања околу заплени на канабис, власта уште повеќе се заплеткала во сопствените противречности.

— реклама —

„Ако навистина се запленети 40 тони нелегално произведена марихуана, тогаш логично се поставува прашањето што правела власта изминатите две години“, наведуваат од СДСМ, посочувајќи дека мора да се утврди кои институции потфрлиле и кој го дозволил тоа. Според нив, одговорноста мора да се бара кај надлежните во МВР, Министерството за здравство, Министерството за земјоделство и другите институции кои имаат законски обврски во овој процес.

— реклама —

Од партијата потсетуваат дека постои строго пропишана законска процедура за производство, складирање и контрола на медицински канабис, во која се вклучени повеќе институции. Ако, како што тврдат, се покажe дека десетици тони марихуана биле произведени незаконски, СДСМ бара јасен одговор кој од врвот на власта ќе понесе политичка и институционална одговорност.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sdsm-zgrada-1-366121

СДСМ: Тендер-патриотите сакаат на сила да се вметнат во историјата

Македонија | пред 12 часа

media-libraryi8nc11fhp99ecwj2nqF

СДСМ го обвини Мицкоски: Со една реченица призна дека граѓаните со години пиеле неисправна вода

Македонија | пред 15 часа

media-library2672l82he69g0mwZWZG

СДСМ: Мицкоски призна — две години ги труеле граѓаните на Гостивар

Македонија | пред 1 ден

media-library2dm69fmklhc560F8vVx

СДСМ: Водата е небезбедна во десетици населени места, бараат јавно објавување на сите анализи

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања