Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

СДСМ: Скопје има градоначалник на екскурзија - исто како и неговиот шеф

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
media-librarypeu1u1rdt5f5cn71SaP

СДСМ преку соопштение упати критики кон градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, обвинувајќи го дека не одговара на прашањата поврзани со работата на Градот и дека, според нив, не се справува со клучните проблеми на главниот град.

— реклама —

Од партијата тврдат дека сè уште нема информации колку чинело АИ-решението за билбордот со кој се промовира Скопје, која компанија го изработила и дали таа има поврзаност со градоначалникот. Воедно, оценуваат дека билбордот повеќе го промовира Белград и Храмот „Свети Сава“ отколку Скопје.

— реклама —

СДСМ наведува дека нема одговор ниту за резултатите од испитувањето на реките Лепенец и Вардар со дрон, односно, како што велат, не е познато кој е одговорен за нивното загадување.

— реклама —

Во соопштението се критикува и состојбата со јавната хигиена, при што од СДСМ велат дека единствената порака што граѓаните ја добиле од Ѓорѓиевски е сами да го чистат градот.

— реклама —

„Тоа е сè што доби Скопје од Орце Ѓорѓиевски: екскурзии, скапи АИ-билборди, промоција на Белград и апели граѓаните сами да го чистат градот“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarymg9pbfsb39nqdl0fWU1

СДСМ: Ги поддржуваме војниците – ќе поднесеме законско решение за нивните барања

Македонија | пред 44 минути

— реклама —
media-libraryul04tfl69ikbbvFQzUN

„Доцнат плати во државни институции, општини не можат да плаќаат преку Трезорот - до толку ли ја испразни Мицкоски државната каса?“, вели СДСМ

Македонија | пред 1 час

media-library8kqrs88r772q9V7xswt

СДСМ: Ширење паника или паника кај Мицкоски

Македонија | пред 1 ден

media-library3aajff2mnjk379UVxvN

„Два сценарија на Мицкоски за Алта банка - ниту едно не држи“, велат од СДСМ

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања