Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

СДСМ со критики до Владата: „Роаминг наместо реформи“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
media-libraryrb1r6tmf8u1pfCKmk1S

СДСМ преку соопштение ја обвини Владата, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, дека наместо да спроведува суштински реформи за приближување кон Европската Унија, се обидува да прикаже како сопствен успех процеси кои, според опозициската партија, одамна се започнати и претставуваат европски обврски.

Од СДСМ реагираа на најавите поврзани со иницијативата „Роаминг како дома“, оценувајќи дека станува збор за европска политика што ја спроведуваат сите земји кандидати за членство во ЕУ.

— реклама —

„Ова не е проект покренат и реализиран од ВМРО. Процесот е потпишан и започнат уште во времето на владата, предводена од СДСМ“, велат од партијата.

Според нив, додека власта се фали со намалување на трошоците за роаминг, граѓаните се соочуваат со други проблеми.

— реклама —

„Додека се фалат со роаминг, граѓаните немаат пари за патувања, а оние што патуваат чекаат и по 10 часа на граница“, наведуваат од СДСМ.

— реклама —

Партијата ја критикува и работата на Владата во делот на реформите во правосудството, посочувајќи дека предложените законски решенија не добиле позитивни оценки.

„Единствениот закон што се обидоа да го протуркаат – Законот за Судскиот совет, Европа го врати на повторно реформирање. Толку за нивната посветеност на европскиот пат“, се наведува во реакцијата.

— реклама —

Од СДСМ обвинуваат дека ВМРО-ДПМНЕ нема вистинска волја за независно и европско правосудство, бидејќи, како што тврдат, тоа би значело поголема одговорност и крај на политичките влијанија врз институциите.

„Доста е со лаги. Реформи сега“, порачаа од опозициската партија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryeuq4jrnkcll31UrbjKu

„За Алта банка Савески да почне од Мицкоски и Славески – сметките и трансакциите мора да се испитаат веднаш“, вели СДСМ

Македонија | пред 41 минута

— реклама —
media-library3aajff2mnjk379UVxvN

„Постојат ли 80 милиони евра во Алта банка Битола и во кое својство преговара Мицкоски?“, велат од СДСМ

Македонија | пред 1 ден

media-libraryvosnvn9kcs6604GYNY3

„Славески, имаш уште малку време да го пријавиш Мицкоски, потоа ќе биде касно!“, вели СДСМ

Македонија | пред 1 ден

media-librarymg9pbfsb39nqdl0fWU1

СДСМ: Ги поддржуваме војниците – ќе поднесеме законско решение за нивните барања

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања