Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

СДСМ со повик за лидерска средба за стабилност

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
mende-ilievski

„Нашето општество се соочува со исклучително тензични моменти кои бараат од сите нас политичктеи партии, институциите и лидерите – да покажеме максимална одговорност и зрелост. Настаните од изминатите денови ги вознемирија граѓаните, ги ставија на тест нашите меѓусебни односи и удрија по темелите на соживотот кој толку внимателно го градиме од осамостојувањето“, вели Методија Илиевски, потпретседател на СДСМ и додава:

Како партија која секогаш го ставала интересот на граѓаните и стабилноста на државата на прво место, Социјалдемократскиот сојуз на Македонија предлага итно одржување на лидерска средба на лидерите на сите парламентарни политички партии. Ова е обврска што ја имаме кон граѓаните – обврска да покажеме дека сме подготвени заеднички да се справиме со сите предизвици и да ја зачуваме нашата држава стабилна и мирна.

— реклама —

— реклама —

Цврсто веруваме дека дијалогот, разбирањето и заедничката акција се единствениот пат напред. Лидерската средба е можност да ги обединиме сите политички субјекти околу една јасна и едноставна порака: Македонија останува стабилна и посветена на мирот, соживотот и почитувањето на различностите.

Ова е време кога политиката треба да го покаже своето најдобро лице – лице кое обединува, кое создава доверба и кое промовира единство. Граѓаните од нас, политичарите, очекуваат да бидеме пример за смиреност, мудрост и посветеност кон заедничкото добро. Да го направиме токму тоа.

— реклама —

На оваа средба, сите заедно треба да испратиме порака дека Македонија е и ќе остане држава на сите нејзини граѓани. Држава која ги почитува различностите и која ги штити државните симболи, редот и мирот. Држава која не дозволува поделби, конфликти и провокации.

Истовремено, ова е можност да покажеме дека сме обединети во заложбата за стабилност и безбедност. Нашите граѓани треба да ја видат сликата на заедништво – сликата на лидери кои се подготвени да седнат на иста маса, да разговараат и заеднички да се справат со сите предизвици. Само така ќе ја зацврстиме довербата на граѓаните и ќе испратиме порака дека сме способни да ги зачуваме мирот и стабилноста.

— реклама —

Сите сме свесни за значењето на меѓуетничките односи во нашата држава. Затоа, од тука апелирам до сите граѓани да останат смирени и воздржани. Почитувањето на различностите и дијалогот се темелите на нашето заедничко општество. Ова се вредности кои нè обединуваат, а не раздвојуваат. Вредности кои треба да ги негуваме и да ги чуваме како најголемо богатство.

Во овој дух, го упатуваме нашиот повик до сите лидери на политичките партии да одговорат позитивно и да се приклучат на оваа иницијатива. Времето бара одговорност, а ние сме подготвени да ја покажеме. Ова не е време за поделби. Заедно сме посилни и само така можеме да се справиме со сите предизвици кои ни стојат на патот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryeuq4jrnkcll31UrbjKu

„За Алта банка Савески да почне од Мицкоски и Славески – сметките и трансакциите мора да се испитаат веднаш“, вели СДСМ

Македонија | пред 2 часа

— реклама —
media-library3aajff2mnjk379UVxvN

„Постојат ли 80 милиони евра во Алта банка Битола и во кое својство преговара Мицкоски?“, велат од СДСМ

Македонија | пред 1 ден

media-libraryvosnvn9kcs6604GYNY3

„Славески, имаш уште малку време да го пријавиш Мицкоски, потоа ќе биде касно!“, вели СДСМ

Македонија | пред 1 ден

media-librarymg9pbfsb39nqdl0fWU1

СДСМ: Ги поддржуваме војниците – ќе поднесеме законско решение за нивните барања

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања