Промени тема
Контакт

СДСМ со сатирична офанзива: „Гответе со Мицкоски“ – рецепт за политичка лага

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 месеци -

Македонија
zaev-filipce

СДСМ со јавна објава излезе во жестока сатирична офанзива против ВМРО-ДПМНЕ, објавувајќи текст под наслов „Гответе со Мицкоски – рецепт за лага од кујната на ВМРО-ДПМНЕ“.

Во политичкиот памфлет, напишан во форма на кулинарски водич, СДСМ ја исмева владејачката партија откако ВМРО-ДПМНЕ ги поврзуваа со наводни злоупотреби на ИПАРД-фондовите. СДСМ ги напрекува ВМРО-ДПМНЕ „долго готвена каша од лаги“.

Во саркастичниот текст се „мери и меша“ цел политички список: Зоран Заев, Венко Филипче, „прстофат поранешен министер“ и неколку роднини – како алегорија за тоа како, според СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ ја конструира својата реторика.

— реклама —

„Заев мора долго да се динста, и пет години откако е во политичка пензија. Венко, како свеж, се меша со претходно маринирани лаги“, стои во текстот, кој преку иронија го критикува наративот за семејни врски, корупција и злоупотреби.

— реклама —

Памфлетот завршува со „тајната состојка“ – потсетување дека ИПАРД е европски фонд со исклучително строги правила, дека средствата се исплаќаат како рефундација и дека секој прекршок е под европска контрола. СДСМ саркастично додава дека вистинскиот проблем е кај „директорот, панкерот и кумовските врски на Мицкоски“.

Во соопштението, опозициската партија посочува дека ВМРО-ДПМНЕ „има многу добри готвачи, учени од најдобриот шеф Груевски“, воведувајќи нов бран политичка иронија. Памфлетот завршува со порака: „ВМРО-ДПМНЕ лаже – а народот знае: кој лаже, тој и краде.“

— реклама —

Сатиричниот настап на СДСМ е дел од заострената реторика меѓу двете најголеми партии, во период кога политичката партија е под силни турбуленции и активни внатрепартиски процеси.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryifj7namj2f1n0svrrZY

СДСМ: Нема одговор, има матрица – приватна фирма плаќа, Мицкоски ја продава државата, за него антимон, за граѓаните отров!

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
media-librarydi2a0nqmq6ra5yxVQxa

СДСМ: Дефицит од 900 милиони евра - Мицкоски ја распродава Македонија затоа што нема економски резултати

Македонија | пред 1 ден

media-libraryn3ugtfmiffgkek0Fi1u

ВМРО-ДПМНЕ: СДС да не шират паника, Филипче да не се грижи, пензискиот фонд е стабилен

Македонија | пред 2 дена

media-libraryhqad4r76cv7d9qnMbjp

СДСМ: Тошковски бара ЕУ да нè гледа како другите – ЕУ гледа „банда на власт“, тоа не е народот

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања