Промени тема
Контакт
ВО ЖИВО ОД ОХРИД: Антонија Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков, музика,смеа,подароци
ВО ЖИВО ОД ОХРИД: Антонија Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков, музика,смеа,подароци

СДСМ со соопштение за нивниот градоначалник во Крива Паланка: Не може да се договарате со Мицкоски, распишете референдум

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
media-librarysflnbqcge91a9i6MjJM

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

СДСМ преку соопштение му се обрати на градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, кој доаѓа од нивните редови, да распише референдум на кој граѓаните ќе одлучат дали сакаат отворање рудник за антимон во нивниот регион.

Цело соопштение:

„Народот на Крива Паланка треба да се праша преку референдум за рудникот за антимон.

Градоначалникот Сашко Митовски, не може да одлучува сам или да се договара со Мицкоски.

Граѓаните на Крива Паланка, а не експертите поврзани со ВМРО-ОКГ и бизнис интересите на Мицкоски, треба да одлучат дали сакаат рудник за антимон во нивниот крај.

СДСМ не е против инвестиции, туку против рудник што загрозува здравје и тивко убива.

Копањето антимон е една од најтоксичните рударски дејности во светот.

Тоа носи сериозни здравствени ризици – респираторни заболувања, оштетување на срцето, проблеми со црниот дроб и бубрезите, дерматитис, анемија, репродуктивни нарушувања и зголемен ризик од рак на белите дробови.

— реклама —

Антимон триоксид е класифициран како веројатно канцероген за луѓето.

Имаме горчливо искуство токму со рудникот Лојане. Таму отпадот од старите рудници и денес загадува почва, вода и воздух.

Луѓето сè уште страдаат од хронични заболувања, а отпадот продолжува да го труе регионот со децении.

— реклама —

Истото се случува и со проектите за литиум.

Се ветуваат работни места, а на крајот остануваат загадена вода, почва и сериозни здравствени проблеми.

Македонија веќе е на црната листа по квалитетот на воздухот. Уште еден рудник за токсичен метал значи уште еден проект за убивање на граѓаните.

Градоначалникот мора првенствено да ги слуша своите граѓани, а не човекот кој ја гледа државата како свој тендер.

— реклама —

Мора да знае градоначалникот Митовски кога се слуша со Мицкоски, човекот кој се занимава исклучиво со својот приватен бизнис, носи часовници од 65.000 евра додека народот гладува, купува приватни авиони и прави струја преку почесни конзули како неговиот пријател Душан Адамовиќ.

Градоначалниче – референдум!

Нека граѓаните на Крива Паланка сами одлучат.

СДСМ е и секогаш ќе биде на страната на народот, а не на страната на Мицкоски и неговата тендер-коалиција“, пишува во соопштението на СДСМ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library2672l82he69g0mwZWZG

СДСМ: Мицкоски повторно – „груба манипулација за Борче Марковски“ – секогаш некој друг е крив

Македонија | пред 7 часа

media-libraryujd54c325i5447Pt9Vc

„Цела Македонија отруена поради неодговорноста на Мицкоски и ВМРО-ОКГ“, велат од СДСМ

Македонија | пред 12 часа

media-library7thikieu6j2a3vq7YAJ

„Пола Македонија отруена а одговорни сè уште нема“, велат од СДСМ

Македонија | пред 14 часа

media-libraryl85o3cek89n79Kn961t

СДСМ: Зошто владата на Мицкоски не објавува документ за водата во Гостивар?

Македонија | пред 15 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања