Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

СДСМ: Тошковски сега ја анализира водата во Гостивар, додека граѓаните сѐ уште се трујат

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-libraryhqad4r76cv7d9qnMbjp

СДСМ упати критики до Владата поради состојбата со водоснабдувањето во Гостивар, оценувајќи дека институциите ненавремено реагирале и побара кривична одговорност од надлежните.

— реклама —

Од партијата реагираат на најавата на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски за почести анализи на водата, прашувајќи зошто таквите проверки се најавуваат дури сега и зошто во процесот не е поактивно вклучено Министерството за здравство.

— реклама —

СДСМ тврди дека водата била прогласена за „технички исправна“ без официјален документ и без, како што наведуваат, некој да преземе одговорност за таквата оценка.

— реклама —

Партијата потсетува и на вчерашната изјава на директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, дека во водата е детектирана бактерија и дека повторно се спроведува хиперхлорирање.

Во соопштението СДСМ наведува дека Обвинителството треба да покрене постапка и да ја утврди евентуалната одговорност на премиерот Христијан Мицкоски, министерот за здравство Сашо Клековски и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во врска со случајот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

pari-1

СДСМ: Цените растат, платите стагнираат – Мицкоски ги остава граѓаните да тонат во сиромаштија

Македонија | пред 2 часа

— реклама —
media-librarynjuh72b6minu5nPsq72

Следуваат нови поскапувања, а Мицкоски ги одбива мерките за повисоки плати, тврди СДСМ

Македонија | пред 1 ден

media-libraryrtoi1ff273luc32mRhI

(Видео) „Стив Наумов“ прокиснува по реконструкцијата од 10 милиони евра, тврди СДММ

Македонија | пред 1 ден

media-library43a3fp3nvvsc29P6LA4

СДСМ: Скопје без сигурен превоз, Ѓорѓиевски со дрон и билборд, автобуси од Орбан и ѓубре од Куманово

Македонија | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања