Промени тема
Контакт

СДСМ: Тошковски служи како заштитник на криминалната организација на власт

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-libraryhqad4r76cv7d9qnMbjp

СДСМ обвини дека министерот за внатрешни работи Панче Тошковски нема кредибилитет да зборува за борбата против криминалот, оценувајќи дека, наместо да се справува со криминалот, ја штити, како што наведуваат, „криминалната организација на власт“.

— реклама —

Од партијата тврдат дека во изминатите две години, со ВМРО-ДПМНЕ на власт, во државата владеат селективна правда, криминал, неказнивост и партизирани институции.

— реклама —

СДСМ посочува дека сè уште нема одговорност за случајот со петте тони дрога што, според нив, поминале преку македонската граница, ниту, пак, за други случаи во кои, како што велат, функционери и лица блиски до власта останале недопирливи за законот.

Во реакцијата се наведува и дека граѓаните биле сведоци на убиства, вооружени пресметки, експлозии, запалени автомобили, како и пораст на семејното и врсничкото насилство, при што, според СДСМ, институциите не обезбедиле соодветна заштита.

— реклама —

Партијата упати обвинувања и за, како што наведува, милионски тендери поврзани со фирми блиски до власта, како и за наводна злоупотреба на институциите.

— реклама —

„Тошковски може да презентира какви сака статистики. Реалноста е дека државата е затруена од криминал и корупција, а граѓаните не се чувствуваат безбедно ниту дома, ниту на улица“, порачаа од СДСМ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

Screenshot-2024-01-15-at-09.33.00

СДСМ до ВМРО-ДПМНЕ: „Што направивте освен криминални тендери?“

Македонија | пред 17 минути

— реклама —
media-libraryifj7namj2f1n0svrrZY

СДСМ: ЗНАМ во Гостивар го чува идентитетот, а свој нема – има далечинско

Македонија | пред 1 час

media-library5599haamqj8b3gCjaWK

СДСМ до ВМРО-ДПМНЕ: Велите да пријавиме? Пријавуваме со месеци, вие сте на власт

Македонија | пред 7 часа

media-libraryrvnv9su2jj953qKCRwJ

СДСМ: Кога Мицкоски најавува поевтинување, цената оди нагоре – ребалансот е признание дека нема пари

Свет | пред 7 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања