Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

СДСМ тврди дека приватна разузнавачка компанија работи против нив по наредба на Мицкоски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Македонија
media-library345jp31ofpbidHYuLh7

СДСМ обвини дека премиерот Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ангажирале странска приватна разузнавачка компанија за следење на опозицијата и фабрикување афери.

— реклама —

Според партијата, станува збор за израелската компанија „Блек кјуб“, која ја опишуваат како „приватен Мосад“ и која, како што наведуваат, е позната по активности како собирање информации, следење и спроведување операции насочени кон политички противници.

Од СДСМ тврдат дека оваа компанија веќе престојувала во Скопје, каде одржала состаноци во еден хотел, на кои присуствувале лица блиски до ВМРО-ДПМНЕ, како и бизнисмен кој наводно требало да го финансира ангажманот.

— реклама —

„Целта е јасна – да се следи опозицијата, да се собираат информации и да се фабрикуваат афери за дискредитација на СДСМ“, наведуваат од партијата.

— реклама —

Во соопштението се додава дека ваквите активности се дел од „автократски модел“, при што, како што велат, се користат приватни разузнавачки структури кога политичките механизми не даваат резултат.

СДСМ тврди дека ваквите чекори се случуваат во период кога, според нив, власта се соочува со пад на поддршката и финансиски проблеми во медиумската сфера.

— реклама —

Од партијата порачуваат дека нема да се откажат од политичката борба и дека ќе продолжат да инсистираат на, како што велат, „вистината, независното правосудство и европскиот пат на државата“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryeuq4jrnkcll31UrbjKu

„За Алта банка Савески да почне од Мицкоски и Славески – сметките и трансакциите мора да се испитаат веднаш“, вели СДСМ

Македонија | пред 2 часа

— реклама —
media-library3aajff2mnjk379UVxvN

„Постојат ли 80 милиони евра во Алта банка Битола и во кое својство преговара Мицкоски?“, велат од СДСМ

Македонија | пред 1 ден

media-libraryvosnvn9kcs6604GYNY3

„Славески, имаш уште малку време да го пријавиш Мицкоски, потоа ќе биде касно!“, вели СДСМ

Македонија | пред 1 ден

media-librarymg9pbfsb39nqdl0fWU1

СДСМ: Ги поддржуваме војниците – ќе поднесеме законско решение за нивните барања

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања