Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

СДСМ: Уште 21 ден до неисполнување на реформите од страна на Мицкоски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Македонија
media-library2672l82he69g0mwZWZG

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Христијан Мицкоски повторно ја активираше добро познатата стратегија за мачкање очи на граѓаните за сопствениот неуспех. Роковите истекуваат, а реформи  нема па Мицкоски почна со нова кампања, велат од опозициската СДСМ.

„Првиот дел од таа кампања е намерно заострување на односите со Бугарија и најавува дека не очекува подобрување, туку нови тензии и конфликти.

Вториот дел од кампањата беше нападот кон СДСМ и лажното обвинување дека за тоа што владата не спроведува реформи виновен е некој друг. Мицкоски почна со напади дека опозицијата ја кочи реформската агенда за само по неколку дена да признае дека не му е потребна опозицијата.

— реклама —

Работите се многу јасни.

Мицкоски има апсолутно мнозинство во Собранието, нешто што самиот постојано го повторува. Како што без консензус ја укина техничката влада, може сам да ги донесе и сите останати закони и реформи.

За тоа СДСМ не му е потребен, што и самиот призна.

— реклама —

СДСМ му треба само како алиби за сопствениот неуспех и за фактот дека не ги исполнува условите за продолжување на преговорите и отворање на европските поглавја.

Тоа е целата вистина. Иста матрица, исти лаги, само друга тема.

— реклама —

Како што ветуваше дека ќе го укине Преспанскиот договор, без да каже дека тоа значи излегување од НАТО, како што ги лажеше граѓаните дека ќе го врати името во БЈРМ или ФИРОМ, како што лажеше дека е загрозен македонскиот идентитет така и денес лаже.

Тогаш Мицкоски клечеше и молеше за власт а денеска Македонија е на колена. Мицкоски не сака Европска Унија.

Не сака европски правила, се плаши од европско обвинителство и европска контрола, затоа што тогаш нема да може да функционира системот на криминал, тендери и злоупотреби туку ќе треба да одговара.

— реклама —

Затоа ги држи сите граѓани како заложници на сопствените стравови и интереси на криминалната група околу него.

Но времето на лагите изминува.

Доаѓа времето на вистината, правдата и одговорноста“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryeuq4jrnkcll31UrbjKu

„За Алта банка Савески да почне од Мицкоски и Славески – сметките и трансакциите мора да се испитаат веднаш“, вели СДСМ

Македонија | пред 1 час

— реклама —
media-library3aajff2mnjk379UVxvN

„Постојат ли 80 милиони евра во Алта банка Битола и во кое својство преговара Мицкоски?“, велат од СДСМ

Македонија | пред 1 ден

media-libraryvosnvn9kcs6604GYNY3

„Славески, имаш уште малку време да го пријавиш Мицкоски, потоа ќе биде касно!“, вели СДСМ

Македонија | пред 1 ден

media-librarymg9pbfsb39nqdl0fWU1

СДСМ: Ги поддржуваме војниците – ќе поднесеме законско решение за нивните барања

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања