Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

СДСМ: Уште 9 дена до уште едно неисполнето ветување на Мицкоски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
media-librarygf0d85c7s4fm2dvwgFX

СДСМ обвини дека Владата на Христијан Мицкоски не ја исполнува Реформската агенда и дека остануваат уште девет дена до рокот што, како што велат, самиот премиер го поставил за реализација на клучните обврски.

„Уште само 9 дена остануваат до 1 јуни - рокот што самиот Христијан Мицкоски го постави за исполнување на сите 10 точки од Реформската агенда“, соопштија од партијата.

— реклама —

Од СДСМ тврдат дека од вкупно десет точки, досега биле реализирани само две и тоа делумно.

„Сега, за неколку дена требаше да се завршат осум. Тоа не е реформа. Тоа е лага“, наведуваат од опозициската партија.

— реклама —

Во соопштението се обвинува дека Владата намерно ги блокира реформите и европската интеграција на државата.

— реклама —

„Мицкоски не ги исполнува реформите затоа што не сака да ги исполни. Не сака независно судство, не сака Европско јавно обвинителство и не сака да ги внесе малцинствата во Уставот“, велат од СДСМ.

Од партијата додаваат дека наместо европски пат, државата се води кон изолација и нови одложувања.

— реклама —

„Уште 9 дена се доволни за да се види вистината: Мицкоски не сака ЕУ. Тој сака власт без контрола“, порачаа од СДСМ.

На крајот повторно ја потенцираа својата порака: „Реформи сега. Малцинства во Уставот сега. Европа сега.“

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarymg9pbfsb39nqdl0fWU1

СДСМ: Ги поддржуваме војниците – ќе поднесеме законско решение за нивните барања

Македонија | пред 2 минути

— реклама —
media-libraryul04tfl69ikbbvFQzUN

„Доцнат плати во државни институции, општини не можат да плаќаат преку Трезорот - до толку ли ја испразни Мицкоски државната каса?“, вели СДСМ

Македонија | пред 55 минути

media-library8kqrs88r772q9V7xswt

СДСМ: Ширење паника или паника кај Мицкоски

Македонија | пред 1 ден

media-library3aajff2mnjk379UVxvN

„Два сценарија на Мицкоски за Алта банка - ниту едно не држи“, велат од СДСМ

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања