Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

СДСМ: Вака изгледа изолацијата на дело - граѓаните чекаат со часови на граница, а ВМРО-ОКГ патува низ посебен премин

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
media-libraryqrk4hkoftgfkeazBL7v

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Денес граѓаните кои тргнаа на одмор можат на своја кожа да осетат видат политиката на Мицкоски и ВМРО-ОКГ, велат од СДСМ.

„Додека точат гориво на пумпите и стојат во  редици со повеќе колони со часови на границата со Грција, јасно им станува дека зборот „изолација“ не е празна фраза.

Ова е директна последица на политиката на ВМРО-ОКГ.

— реклама —

Наместо да се отвори европскиот пат и да се олесни движењето на граѓаните, тие свесно ја држат Македонија во изолација.

Резултатот е видлив секој летен ден - илјадници граѓани заглавени на граница, изгубени часови, исцрпени семејства и деца.

Во исто време, Мицкоски и целата ВМРО-ОКГ со нивните семејства имаат посебен граничен премин.

— реклама —

Тие поседуваат бугарски пасоши и патуваат како граѓани на Европската унија. Државниот авион, купен со парите на граѓаните, за нив веќе функционира како приватен.

Затоа и сакаа да купат уште еден нов авион. Многумина од нив имаат бугарски пасоши, па треба слободно да патуваат со авион.

Мицкоски на море не може да оди поинаку - колената го болат од клечењето и лажните ветувања со кои дојде на власт.

— реклама —

Додека обичниот граѓанин тешко врзува крај со крај, овие „патриоти“ уживаат во привилегиите што сами си ги обезбедиле.

Едни чекаат по 8-10 часа на граница, други летаат со државен авион и поминуваат на посебен премин.

Затоа е важно да се каже јасно: Европа, а не изолација и криминална група на власт.

— реклама —

Изолацијата не е само политички концепт, таа е реалност која граѓаните ја плаќаат секој ден, секое лето, на секоја граница“, се вели во соопштението.

media-libraryoclb9eme12711lA8V4D

(Видео) Хаос на границата со Грција: Седум ленти преполни, возачи велат дека со часови чекаат да поминат, застој има и во меѓуграничниот простор

Километарски колони од возила се создадени утрово на граничниот премин „Богородица“ кон Грција, каде што сите седум коловозни ленти се исполнети со автомобили кои чекаат за излез од државата.Според возачи кои се наоѓаат во колоните, чекањето трае со часови. Еден од нив за „Скопје1“ вели дека на граничниот премин чека веќе четири часа, додека и други возачи сведочат за долги застои и бавно одвивање на сообраќајот.Од друга страна, последниот извештај на Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ), обја

Македонија | пред 3 месеци


Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library3aajff2mnjk379UVxvN

„Постојат ли 80 милиони евра во Алта банка Битола и во кое својство преговара Мицкоски?“, велат од СДСМ

Македонија | пред 23 часа

— реклама —
media-libraryvosnvn9kcs6604GYNY3

„Славески, имаш уште малку време да го пријавиш Мицкоски, потоа ќе биде касно!“, вели СДСМ

Македонија | пред 1 ден

media-librarymg9pbfsb39nqdl0fWU1

СДСМ: Ги поддржуваме војниците – ќе поднесеме законско решение за нивните барања

Македонија | пред 1 ден

media-libraryul04tfl69ikbbvFQzUN

„Доцнат плати во државни институции, општини не можат да плаќаат преку Трезорот - до толку ли ја испразни Мицкоски државната каса?“, вели СДСМ

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања