Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ слави туѓи победи и води лицемерна политика

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
media-libraryh83e4do6d0vcaie2qdw

Од СДСМ денеска преку соопштение упатија остри критики кон ВМРО-ДПМНЕ, обвинувајќи ја владејачката партија за, како што велат, лицемерна политика и двојни стандарди во однос на европските и евроатлантските интеграции.

— реклама —

Во реакцијата, СДСМ наведува дека ВМРО-ДПМНЕ го слави Денот на Европа, иако, според нив, води антиевропска кампања и работи против европските вредности.

„Работат за руски интереси, а слават ЕУ која воведе санкции против Русија“, стои во реакцијата.

— реклама —

Од партијата посочуваат и дека ВМРО-ДПМНЕ порано се противела на Преспански договор и влезот на Македонија во НАТО, а денес, како што наведуваат, ја претставува Алијансата како позитивен процес.

— реклама —

СДСМ оценува дека постојат „две ВМРО“ – едно што се претставува како проевропско пред меѓународната заедница и друго што, според нив, води антиевропска политика дома.

Во соопштението се споменуваат и обвинувања за функционери со бугарски пасоши, како и наводни врски со руски интереси.

— реклама —

На крајот од реакцијата, СДСМ се осврнува и на ангажманот на музичарот Дејвид Гета, наведувајќи дека проблемот не е во изведувачот, туку во, како што тврдат, „сметките што ќе ги плаќаат граѓаните“ и можните провизии поврзани со организацијата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryeuq4jrnkcll31UrbjKu

„За Алта банка Савески да почне од Мицкоски и Славески – сметките и трансакциите мора да се испитаат веднаш“, вели СДСМ

Македонија | пред 1 час

— реклама —
media-library3aajff2mnjk379UVxvN

„Постојат ли 80 милиони евра во Алта банка Битола и во кое својство преговара Мицкоски?“, велат од СДСМ

Македонија | пред 1 ден

media-libraryvosnvn9kcs6604GYNY3

„Славески, имаш уште малку време да го пријавиш Мицкоски, потоа ќе биде касно!“, вели СДСМ

Македонија | пред 1 ден

media-librarymg9pbfsb39nqdl0fWU1

СДСМ: Ги поддржуваме војниците – ќе поднесеме законско решение за нивните барања

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања