Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

СДСМ: Загаден е воздухот во сите градови, а ДПМНЕ го намали буџетот за 51%

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
skopje-zagaden-vozduh-magla-5

„Последните податоци покажуваат дека во Скопје на сите мерни места загаденоста на воздухот е голема, присуството на ПМ10 честичките се двојно и тројно зголемени. Не само во Скопје, високи концентрации на ПМ10 честитчки се регистриани и во другите градови, Битола, Кичево, Кавадарди, Куманово, Охрид, Гостивар“, соопшти СДСМ.

„Аерозагадувањето е високо, граѓаните се гушат, а ниту власта на ДПМНЕ ниту градоначалниците од оваа партија не превземаат некакви мерки.

— реклама —

Дополнително, во Буџетот 2025 власта ги намали парите за чист воздух за 51%, парите за заштита на животната средина се намалени за цели 25%, а парите за развој на енергетиката се намалени за 41%.

— реклама —

Ова значи дека власта на Мицкоски нема намера ништо да преземе за да ги заштити граѓаните.

Со мерките на СДСМ и Планот за чист воздух, којшто е прв стратешки документ на некоја влада досега во борбата со аерозагадувањето, започна тренд на посетепено намалување на загадувањето.

— реклама —

Со Планот се направи промена на нееколошкиот начин на загревање на градинките, училиштате, јавните објекти и се презедоа сет на повеќе мерки. Со тоа започна на годишно ниво да има намалување на штетните честички ПМ 2.5 во воздухот за -564kg како и намалување на честитчките МП 10 за -735kg годишно.

— реклама —

Затоа власта на ДПМНЕ требаше да продолжи и да ги засили мерките, за постепеното намалување на концентрациите на штетни честитчки во воздухот да продолжи.

Борбата за чист воздух е процес кој бара посветеност, знање и конркетни мерки но очигледно тоа не е приоритет за Мицкоски и ДПМНЕ“, соопшти СДСМ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryeuq4jrnkcll31UrbjKu

„За Алта банка Савески да почне од Мицкоски и Славески – сметките и трансакциите мора да се испитаат веднаш“, вели СДСМ

Македонија | пред 1 час

— реклама —
media-library3aajff2mnjk379UVxvN

„Постојат ли 80 милиони евра во Алта банка Битола и во кое својство преговара Мицкоски?“, велат од СДСМ

Македонија | пред 1 ден

media-libraryvosnvn9kcs6604GYNY3

„Славески, имаш уште малку време да го пријавиш Мицкоски, потоа ќе биде касно!“, вели СДСМ

Македонија | пред 1 ден

media-librarymg9pbfsb39nqdl0fWU1

СДСМ: Ги поддржуваме војниците – ќе поднесеме законско решение за нивните барања

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања