Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

СДСМ: Зошто Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не му честитаа на Петер Маѓар и на новата демократска влада во Унгарија, кога велат дека Тиза им е „сестринска партија“?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
media-library4r2ei7icocg038e47y2

Наместо да му честитаат на Петер Маѓар и на Тиза партијата за историската победа и соборувањето на автократскиот режим на Орбан, Христијан Мицкоски и ВМРО-OKГ излегоа со напади врз СДСМ и Филипче затоа што ја поздравивме демократската промена во Унгарија, велат од СДСМ.

„Прашањето е сосема логично и директно:

— реклама —

Зошто вашата „сестринска партија“ Тиза не доби ниту една честитка од вас, ако навистина сте толку блиски?

Зошто молчите кога „вашите“ во Унгарија ја добија власта, а истовремено напаѓате дека некој друг ја честита победата?

— реклама —

Одговорот е повеќе од јасен. Мицкоски и криминална ВМРО не ја поддржуваат Тизса.
Тие ја поддржуваат Орбановата автократска, корумпирана и антиевропска власт.
Токму затоа им е тешко да му честитаат на Петер Маѓар – човекот кој го собори режимот на Орбан по 16 години. Тие не слават демократија и промена. Тие слават само кога на власт остануваат авторитарни структури кои ги штитат криминалните интереси.

Додека Тиза ја ослободува Унгарија од корупција и автократија, Мицкоски ја турка Македонија во истата изолација и ист модел на Орбан власт. Затоа и не може да ја поздрави промената – таа директно го загрозува неговиот модел на владеење.

СДСМ јасно стои на страната на демократијата, на Европа и на промената.

— реклама —

ВМРО-ОКГ јасно стои на страната на Орбан, на изолацијата и на зачувување на криминалните структури.

Граѓаните добро гледаат кој со кого се идентификува.

— реклама —

Демократија или автократија. Европа или изолација. Изборот е јасен“, се вели во соопштението.


Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryeuq4jrnkcll31UrbjKu

„За Алта банка Савески да почне од Мицкоски и Славески – сметките и трансакциите мора да се испитаат веднаш“, вели СДСМ

Македонија | пред 1 час

— реклама —
media-library3aajff2mnjk379UVxvN

„Постојат ли 80 милиони евра во Алта банка Битола и во кое својство преговара Мицкоски?“, велат од СДСМ

Македонија | пред 1 ден

media-libraryvosnvn9kcs6604GYNY3

„Славески, имаш уште малку време да го пријавиш Мицкоски, потоа ќе биде касно!“, вели СДСМ

Македонија | пред 1 ден

media-librarymg9pbfsb39nqdl0fWU1

СДСМ: Ги поддржуваме војниците – ќе поднесеме законско решение за нивните барања

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања