Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

СДСМ: Зошто не е проширена истрагата за Кочани?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
puls-11

„И покрај тоа што поминаа речиси четири недели од трагедијата во Кочани, јавноста сè уште нема добиено одговори на клучните прашања: кој е одговорен за пожарот што се случи во „Пулс“ и кој е одговорен за серијата безбедносни пропусти?“, вели СДСМ и додава:

Сè уште нема проширување на истрагата за безбедносните пропусти направени на кобната ноќ – ниту пак на оние што ѝ претходеле.

— реклама —

Не е повикан ниту еден актуелен функционер на распит, не е отворена постапка за никого од МВР, ОВР Кочани, СВР Штип или БЈБ кои денот на трагедијата, 16 март, биле на позиции.

— реклама —

Зошто не се повикуваат оние кои биле на позиции кобната ноќ?

Зошто не е проширена истрагата за Кочани иако јавно беше најавено дека ќе се случи?

— реклама —

Не смее да има заштитени. Одговорност мора да има – од највисоките па до најниските нивоа. Ова не е политичко прашање. Ова е прашање на правда, доверба и достоинство.

— реклама —

Граѓаните, семејствата на жртвите, сите, имаат право на вистина. Имаат право да знаат што точно се случи и кој ќе понесе одговорноост. Одговорност мора да има, и тоа на сите нивоа.

СДСМ ќе продолжи да инсистира на целосна, транспарентна и неселективна истрага. Правда за Кочани мора да има. А таа правда мора да стигне – да биде јасна, видлива и неизбежна.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryeuq4jrnkcll31UrbjKu

„За Алта банка Савески да почне од Мицкоски и Славески – сметките и трансакциите мора да се испитаат веднаш“, вели СДСМ

Македонија | пред 2 часа

— реклама —
media-library3aajff2mnjk379UVxvN

„Постојат ли 80 милиони евра во Алта банка Битола и во кое својство преговара Мицкоски?“, велат од СДСМ

Македонија | пред 1 ден

media-libraryvosnvn9kcs6604GYNY3

„Славески, имаш уште малку време да го пријавиш Мицкоски, потоа ќе биде касно!“, вели СДСМ

Македонија | пред 1 ден

media-librarymg9pbfsb39nqdl0fWU1

СДСМ: Ги поддржуваме војниците – ќе поднесеме законско решение за нивните барања

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања