Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

СДСМ: Зошто владата на Мицкоски не објавува документ за водата во Гостивар?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
media-libraryl85o3cek89n79Kn961t

СДСМ преку соопштение ја повика Владата јавно да ги објави сите извештаи и анализи за квалитетот на водата за пиење во Гостивар, оценувајќи дека граѓаните добиваат спротивставени информации, наместо јасни и проверливи податоци.

Од партијата потсетуваат дека министерот за здравство Сашо Клековски најавил дека до крајот на неделата водата во Гостивар ќе биде безбедна за пиење, додека, според нив, премиерот Христијан Мицкоски подоцна изјавил дека во водата биле откриени „нови бактерии“.

— реклама —

„Секој излегува со различни тврдења, а граѓаните остануваат збунети и не знаат кому да веруваат“, велат од СДСМ.

— реклама —

Партијата тврди дека повеќе од 4.000 лица се затруле во Гостивар и прашува зошто досега не се објавени официјалните документи за квалитетот на водата.

„Нема јавно достапни извештаи, нема анализи, ниту информации кој ги потпишал и одобрил. Како граѓаните да имаат доверба кога нема официјална документација за состојбата со водата?“, наведуваат од СДСМ.

— реклама —

Во партиското соопштение се додава дека претходното прикривање на резултатите, според нив, довело до повеќе од 4.000 заразени лица и појава на епидемија на жолтица во Гостивар.

— реклама —

СДСМ упати критики и поради тоа што, како што наведуваат, за прашања поврзани со водоснабдувањето и хиперхлорирањето говореле функционери кои немаат соодветна стручност.

Од партијата побараа надлежните институции уште денес да ги објават сите извештаи за водата во Гостивар и јасно да соопштат која институција гарантира дека водата е безбедна за користење.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library8kqrs88r772q9V7xswt

СДСМ: Ширење паника или паника кај Мицкоски

Македонија | пред 7 часа

— реклама —
media-library3aajff2mnjk379UVxvN

„Два сценарија на Мицкоски за Алта банка - ниту едно не држи“, велат од СДСМ

Македонија | пред 1 ден

media-librarygchjosgjcllv05cRcCx

ВМРО-ДПМНЕ го нападна Жерновски, СДСМ возврати со обвинувања кон Мицкоски

Македонија | пред 1 ден

media-libraryjuvo7946t52m26Y687J

(Видео) Трајчулески: СДСМ поднесе интерпелација за Стоилковиќ: Одговорност на извршителот на Вучиќ и неговите агенди во Владата на Мицкоски

Македонија | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања