Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

СДСМ: Зошто ВМРО има проблем со малцинствата, кога половина од нивната влада се Бугари?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
Screenshot-2024-01-15-at-09.33.00

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

ВМРО-ОКГ и Христијан Мицкоски продолжуваат со лажната драма дека внесувањето на малцинствата во Уставот го загрозувало македонскиот идентитет, велат од СДСМ.

„А вистината е следна:

Половина од нивната влада, пратеници, министри, директори на јавни претпријатија и нивните семејства веќе имаат бугарски пасоши.

Меѓу нив се и членови од семејството на Мицкоски, како и семејството на нивниот главен медиумски човек, уредник на Орбанова медијумска мрежа – Драган Павловиќ Латас.

— реклама —

ВМРО - криминална група сами предложија закон за двојно државјанство, но со услов – да не важи за овој состав на Собранието и Владата.

Кога СДСМ предложи Закон за двојно државјанство да важи веднаш за сите, вклучително и за актуелната влада и пратениците, ВМРО-ОКГ го повлече сопствениот предлог.

Затоа што не сакаат нивните функционери да бидат исти како обичните граѓани.

— реклама —

Тие веќе имаат ЕУ пасоши.

Тие не чекаат 8-10 часа на граница. Тие летаат со државен авион (купен со пари на граѓаните) на море, додека на граѓаните им велат останете дома, не ви треба море.

Прашањето е едноставно:

Зошто ВМРО толку се бори против внесување на малцинствата во Уставот, кога самите нивни луѓе веќе ги имаат сите права што ги дава ЕУ?

— реклама —

Одговорот е повеќе од јасен:

Затоа што не им е важно ниту македонскиот идентитет, ниту малцинствата. Важно им е само да го блокираат патот за Европската Унија, за да продолжат со криминалот и корупцијата.

Нема повеќе лаги. Организираната криминална група ВМРО ја блокира иднината на Македонија.

— реклама —

Малцинствата не се закана.

Криминалот и корупцијата се закана.

Реформи. Правда. Европа.

Тоа е единствениот пат“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryeuq4jrnkcll31UrbjKu

„За Алта банка Савески да почне од Мицкоски и Славески – сметките и трансакциите мора да се испитаат веднаш“, вели СДСМ

Македонија | пред 1 час

— реклама —
media-library3aajff2mnjk379UVxvN

„Постојат ли 80 милиони евра во Алта банка Битола и во кое својство преговара Мицкоски?“, велат од СДСМ

Македонија | пред 1 ден

media-libraryvosnvn9kcs6604GYNY3

„Славески, имаш уште малку време да го пријавиш Мицкоски, потоа ќе биде касно!“, вели СДСМ

Македонија | пред 1 ден

media-librarymg9pbfsb39nqdl0fWU1

СДСМ: Ги поддржуваме војниците – ќе поднесеме законско решение за нивните барања

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања