Промени тема
Контакт

Се бара притвор за Фехми Стафа: бил фатен со парите кои ги побарал и добил за да влијае на судија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 месеци -

Македонија
policija-2457

Полициски службеници, по наредба на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, го лишиле од слобода Ф.С. поради сомнение за сторено кривично дело примање награда за противзаконито влијание, информираат од Министерството за внатрешни работи.

— реклама —

Според МВР, во периодот од октомври до 13 декември 2025 година, осомничениот примил вкупно 50.000 евра со цел да посредува и да го искористи своето реално влијание за интервенција кај судија во Апелациониот суд Скопје, како и преку поткуп да влијае за извршување службено дејствие кое не смеело да се изврши.

— реклама —

Истрагата покажала дека Ф.С. првично побарал 100.000 евра за да влијае врз укинување на мерка притвор определена за лице кое е недостапно на органите на прогонот и против кое ОЈОГОКК води посебна постапка за кривични дела против јавните финансии, платниот промет и стопанството. На 6 октомври 2025 година тој примил 30.000 евра како прв дел од договорениот износ, кои му ги предала сестрата на лицето во бегство.

На 13 декември 2025 година, осомничениот директно побарал и примил уште 20.000 евра, наведувајќи дека средствата се наменети за судијата кај кого требало да интервенира. Непосредно по примањето на паричните средства, Ф.С. бил уапсен, а при лишувањето од слобода кај него биле пронајдени и одземени парите.

— реклама —

Од МВР информираат дека по целосно документирање на случајот ќе следуваат понатамошни законски постапки во координација со надлежното обвинителство.

— реклама —

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје достави Предлог за определување мерка притвор за осомничениот, поради сите околности што упатуваат на опасност од бегство, можност да изврши нови кривични дела или да влијае на постапката.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarygmk32p5vph11emV3Pyk

Стафа сведочеше за случајот со заѕиданите 350 илјади евра: Негираше дека му дал пари на судијата Ѓоко Ристов, 20 илјади евра биле адвокатска награда, а 30 илјади заем од Ѓаволот

Македонија | пред 18 часа

— реклама —
media-libraryinmted5tvbsq4YQXxe5

Фехми Стафа бара порано да излезе од затвор, Пецов ја платил казната од 8.000 евра пред правосилноста на пресудата

Македонија | пред 6 дена

media-libraryv27a6hhd80o64Ze2F5s

Парите на Ѓаволот му пресудија на Стафа: призна вина за митото, доби 15 месеци затвор

Македонија | пред 5 месеци

media-library55pa1pgudiln2ipupBI

Ќе му се суди на ексдржавниот правобранител Стафа оти тргна да “средува” со судија за притворот на Ѓаволот

Македонија | пред 6 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања