Промени тема
Контакт

Се бара заштита на Шар Планина од пустошење, но таа не е под надлежност на Македонски шуми, вели заменик-директорот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Македонија
sar-planina-2

Во последните денови, голем број граѓани изразија загриженост за заштитата на шумите, особено на Шар Планина, повикувајќи на поголема активност од страна на ЈП „Македонски Шуми“. Заменик директорот Кире Михаилов преку својата Фејсбук страница појасни дека како заменик генерален директор нема ингеренции во рамките на Националниот Парк Шар Планина, кој од 30 јуни 2021 година функционира како посебен правен субјект со свое раководство, шумочуварска служба и ренџери.

„Почитувани, овие денови видов доста реакции на загрижени граѓани кои ме повикуваа лично да се заангажирам повеќе во Западна Македонија и конкретно на Шар Планина, а не како што повеќето коментиравте, само на истокот.

Морам да Ви објаснам дека Шар Планина од 30 јуни 2021 е Национален Парк, односно посебен правен субјект со свое раководство, своја шумочуварска служба, ренџери и незнам кои други структури.

Јас лично како Заменик Генерален Директор на ЈП "Македонски Шуми" таму НЕМАМ НИКАКВИ ИНГЕРЕНЦИИ ниту во однос на заштитата на шумата, ниту на било што останато во однос на таа територија ниту пак на останатите територии на националните паркови Пелистер, Галичица и Маврово.

Во однос на останатото и за тоа дека ме повикувате да делувам и на запад, да ви појаснам дека како во текот целиот период откако сум именувам, така и во изминативе денови имавме акции не само во радовишко струмичкиот регион, туку на целата територија на Македонија.

— реклама —

Вчера, недела, конфискации и пријави имаше не само во струмичко, туку и во кумановско липковскиот регион.

На територијата на општина Велес и општина Градско исто така вчера имавме големи акции.

Тоа што секојдневно и од секаде не излегуваме со информации не значи дека некаде или некогаш не работиме, напротив, постојано сме на терен со своите обврски.

— реклама —

Остануваме посветени кон исполнување на нашите законски обврски, а во интерес на граѓаните на целата територија на Република Македонија.

Не постои, барем за мене лично, педа на територијата на Република Македонија на која што јас имам ингеренции на која би замижал пред евентуални криминогени дејства поврзани со шумарството.

— реклама —

Добрата координација во изминатиов период помеѓу ЈП "Македонски Шуми" МВР, БЈБ, Граничната Полиција и сите останати структури во службите на полицијата, Шумската Полиција, ДИШЛ (Државниот Инспекторат за Шумарство и Ловство) при МЗШВ и сите останати служби кои имаат допирни точки со шумите и воопшто природата, дава огромни резултати, а така и ќе продолжиме.“

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryvab2c79td4789AKDEaX

(Фото) Со тешки ранци и без логистика: Емилија и Благица освоија 35 врва на Шара за четири дена за 35 години независна Македонија

Македонија | пред 4 дена

— реклама —
sar-planina-2

Продолжена забраната за движење на Шар Планина поради опасност од пожари: Ќе трае до 30 септември

Македонија | пред 2 седмици

sar-planina

По голема потрага, пронајдена исчезнатата Бугарка на Шар Планина

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryg9g003g5e052cDjp05t

(Фото) Сред лето падна снег на Шар Планина

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања