Промени тема
Контакт

„Се поништува сè што човештвото го изгради“ – Најчевска повикува на одбрана на меѓународното право

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Коментари
media-library9s2cs3tla49q45kdbkR

Професорката по право Мирјана Најчевска со остра јавна порака реагираше на актуелните вооружени конфликти и геополитички кризи, истакнувајќи дека нема никакво оправдување за она што се случува во Венецуела, Украина, Палестина и со Тајван. Според неа, станува збор за директно рушење на цивилизациските достигнувања на човештвото.

„Ова е цивилизациското достигнување на човештвото кое Доналд Трамп, Владимир Путин, Бенјамин Нетанјаху и Си Џинпинг во моментов го рушат“, наведува Најчевска, оценувајќи дека ваквите политики го враќаат светот наназад и ги поништуваат основните принципи врз кои е изграден современиот меѓународен поредок.

— реклама —

Таа нагласува дека секој цивилизиран човек има обврска да застане во одбрана на веќе достигнатото ниво на развој на човештвото, потсетувајќи дека меѓународните договори не се формалност, туку резултат на болни историски искуства. Тие, според неа, се создадени со јасна цел – да не се повторат трагедиите од минатото и да се спречат нови масовни страдања.

Во таа насока, Најчевска се повикува и на Меѓународниот пакт за граѓански и политички права, кој го гарантира правото на самоопределување на сите народи, нивната слобода сами да го уредуваат својот политички статус и да го обезбедуваат сопствениот економски, социјален и културен развој. Таа потсетува дека народите имаат право слободно да располагаат со своите природни богатства и извори и дека ниту еден народ не смее да биде лишен од средствата за живот.

— реклама —

Според професорката, државите кои се потписнички на овие меѓународни договори, вклучително и оние што управуваат со несамостојни територии, имаат јасна обврска активно да го помагаат и да го почитуваат правото на самоопределување, во согласност со Повелбата на Обединетите нации. Секое отстапување од овие принципи, предупредува таа, претставува опасен чекор кон нормализирање на насилството и уривање на правниот и моралниот поредок во светот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-librarylitg2bj5l9315uDQSCp

Најчевска: „Не може да постои добронамерен бог, тоа е апсурд“

Коментари | пред 2 дена

media-librarylitg2bj5l9315uDQSCp

„Се дават во ѓубре, дишат загаден воздух, правосудството е корумпирано“: Најчевска прашува до кога

Коментари | пред 4 дена

media-librarylitg2bj5l9315uDQSCp

Најчевска за затворениот предмет за модуларните болници: За вакво нешто се тресе држава, а кај нас повторно ќе се заборави

Коментари | пред 1 седмица

media-librarylitg2bj5l9315uDQSCp

„Додека Јавното обвинителство и судовите не станат независни институции, секој криминалец кој ќе дојде на власт ќе биде заштитен“, вели Најчевска.

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања