Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Уапсен Перпарим Бајрами, поранешниот директор на Државна лотарија утрово сам се предаде

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
prparim-bajrami-2

По повеќе од една година бегство, утрово на органите на прогонот им се предаде поранешниот директор на Државната лотарија, Перпарим Бајрами, кој е обвинет за злоупотреба на службената положба и овластување и проневера поврзана со работењето на државната компанија.

— реклама —

Бајрами во 05:35 часот самоволно и пеш се пријавил кај надлежните органи. По него претходно беше распишана мерка „апси“ по барање на СМПС – Одделение за потраги, согласно со член 354 став 5 од Кривичниот законик.

Откако мерката била потврдена, Бајрами бил лишен од слобода и бил спроведен во КПУ Затвор Скопје.

— реклама —

Бајрами е првообвинет во случајот поврзан со Државната лотарија, во кој се обвинети и поранешниот прв вицепремиер Артан Груби и уште шест лица. Обвинителството ги товари за злоупотреби и проневера на околу 9,7 милиони евра од државната компанија.

— реклама —

Судската постапка против Бајрами започна во негово отсуство.

Со неговото предавање, по Артан Груби, уште едно лице кое повеќе од една година беше во бегство сега е достапно за надлежните институции.

Судењето за случајот „Државна лотарија“ продолжува во петок.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarysbq097r26t6cfnUuv4x

Сведокот го смени исказот во случајот „Државна лотарија“, Обвинителството проверува дали имало притисоци

Македонија | пред 3 дена

— реклама —
media-libraryqmqd5bfhjklodY1KCRo

Груби излегува од куќен притвор, но останува без пасош – судот одби да го врати и со гаранција

Македонија | пред 1 седмица

artan-grubi

На Артан Груби вечерва му истекува куќниот притвор, судот сè уште не одлучил за враќање на пасошот

Македонија | пред 1 седмица

media-librarysbq097r26t6cfnUuv4x

ВЛТ терминалите останале во магацин, се чекало одобрение од УЈП и Министерството за финансии за нивна употреба, сведочеше директор од Државна лотарија

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања