Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Се скриле во товарен камион со стока од Кина: Цариниците открија тројца мигранти од Судан

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
media-librarynaafj6r316fq7FfYmnI

Тројца државјани на Судан биле откриени при детална царинска контрола на камион со стока пријавена за увозно царинење, соопшти Царинската управа.

— реклама —

Царинските службеници од Царинската испостава Скопје 1 при Царинарница Скопје ги пронашле лицата скриени помеѓу кутиите во товарниот дел на камионот.

— реклама —

Стоката била со потекло од Кина, а била натоварена во пристаништето во Солун, по што камионот бил пломбиран со грчка царинска пломба.

Според Царинската управа, тројцата државјани на Судан ја скинале сајлата во предниот дел од товарниот простор и се скриле меѓу кутиите со стока.

— реклама —

Пронајдените лица биле предадени на Министерството за внатрешни работи за понатамошно постапување.

— реклама —

Од Царинската управа посочуваат дека ова е четврти случај на откриени илегални мигранти во последните три месеци, што, како што наведуваат, ја потврдува засилената контрола и заложбите за спречување на нелегалниот транспорт на лица.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-library02i35qhog8thag61W4q

Фронтекс: Речиси 110.000 незаконски преминувања на границите на ЕУ годинава

Свет | пред 1 седмица

— реклама —
media-libraryit4682i4548j11F1nU1

Трамп се закани со двојно повисоки царини за Мексико поради мигрантите

Свет | пред 1 седмица

n-missingisland-a-20181104-870x572

Шест мигранти, меѓу кои и едно бебе, загинаа во судир на глисер и грчката крајбрежна стража

Свет | пред 1 месец

tunis-migranti-camac-830x0

Страшна трагедија кај африканскиот брег: Најмалку 109 мигранти загинаа, 116 се водат како исчезнати

Свет | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања