Промени тема
Контакт

Ѝ се заканувал дека ќе ја убие сопругата ако не го промени исказот за претходното семејно насилство

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
semejno-nasilstvo

Основното јавно обвинителство Тетово поведе постапка против 50-годишен маж осомничен за кривичното дело „Загрозување на сигурноста“, сторено при семејно насилство, а до надлежниот суд е доставен и предлог за определување мерка притвор.

— реклама —

Според Обвинителството, осомничениот на 20 јули ѝ се заканувал на својата сопруга во обид да ја натера да го промени исказот што требало да го даде пред Обвинителството во врска со претходна пријава за семејно насилство.

— реклама —

Тој барал од неа да изјави дека претходниот инцидент не се случил и дека живеат заедно без никакви проблеми. Откако дознал дека таа останала на претходната изјава, телефонски ѝ се заканил дека ќе ја убие, поради што жената не се вратила во семејниот дом.

— реклама —

Според ОЈО, осомничениот потоа отишол на нејзиното работно место, каде што пред нејзиниот претпоставен викал дека не смее да работи таму и повторно упатувал закани по нејзиниот живот. Подоцна ги повторил заканите и пред родителите на оштетената, предизвикувајќи кај неа чувство на страв, несигурност и загрозеност.

Поради околностите на случајот, јавниот обвинител до надлежниот суд доставил предлог за определување мерка притвор за осомничениот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

ojo

ОЈО бара притвор за двете финансиски раководителки во Државна лотарија, осомничени дека присвоиле речиси 80 милиони денари

Македонија | пред 2 дена

— реклама —
bolnica-bitola

Наместо тромбоза, ѝ дијагностицирале ревматоиден артритис: Петмина лекари од Битола обвинети по смртта на 40-годишна пациентка

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryq3ifenpokr5acj63Xsy

Тројца осомничени за тероризам и недозволена трговија со оружје и експлозиви, ОЈО бара притвор од 30 дена

Македонија | пред 1 седмица

media-librarycnknba9drcl66ylKZAu

Од утрово голема акција против криминална група, во тек се претреси и апсења

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања