Промени тема
Контакт

Се заканувал на сопругата, полицијата му пронашла рамки за автоматска пушка и куршуми, приведен 45-годишен маж

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 43 минути -

Македонија
media-library7dk9hfnjg8siaW5YfEh

Три празни рамки за автоматска пушка и два куршуми биле пронајдени при полициски претрес во дом во тетовско, откако 45-годишен маж бил пријавен за семејно насилство, телесна повреда и загрозување на сигурноста.

— реклама —

Според информациите од МВР, на 16 октомври во Полициското одделение Групчин било пријавено дека М.Д. (45) од тетовско село сторил семејно насилство, загрозување на сигурноста и телесна повреда.

— реклама —

Истиот ден, во 19:30 часот, неговата сопруга во СВР Тетово пријавила телесна повреда при семејно насилство и загрозување на сигурноста, за кои го посочила својот сопруг.

По наредба на Основниот суд Тетово, полицијата извршила претрес во домот на пријавениот во периодот од 21:30 до 22:30 часот. На скалите кај влезната врата биле пронајдени три празни рамки за автоматска пушка и два куршуми со непознат калибар, кои биле одземени.

— реклама —

По преземените мерки, М.Д. бил лишен од слобода и задржан во СВР Тетово. Извештајот бил доставен до Основното јавно обвинителство Тетово, со правна квалификација за неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи, според член 396 од Кривичниот законик.

Од МВР информираат дека по целосното документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryri2771lqam8h3WrTlAM

Жена пронашла димна бомба во плакар во стан во Аеродром

Македонија | пред 1 минута

— реклама —
media-library1bm0jdblcp44fiPxk3i

Почина 70-годишен маж откако со товарно возило излетал од патот на Јадранската магистрала

Македонија | пред 6 минути

media-librarysdgpc3iat9u71nM77h5

Марихуана, бела прашкаста материја и дробилка пронајдени при претрес во неготинско

Македонија | пред 36 минути

media-libraryoup7bj077b9s2G7sSPd

Земјотрес со јачина од 2,5 степени утрово во Македонија, епицентарот кај Кривогаштани

Македонија | пред 39 минути

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања