Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Седум активни пожари, огнот зафатил и борова и мешана шума

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-library641qr7kluupa4doCzWK
unsplash

Седум пожари на отворен простор се активни низ земјава утрово, додека еден пожар е ставен под контрола, а 16 се изгаснати, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).

— реклама —

Според податоците до 07:30 часот, во периодот од 30 до 31 август се регистрирани вкупно 24 пожари на отворен простор.

Активни пожари има во седум општини. Во Општина Ресен пожарот се шири на потегот Бела Црква–Подмочани, каде се зафатени борова шума и ниска вегетација. Активен пожар има и на потегот Копаница–Радуша во Општина Сарај, каде гори нискостеблеста шума и ниска вегетација.

— реклама —

Пожар е активен и над селото Палиград во Општина Зелениково, каде е зафатена мешана шума, како и над Нежилово во Општина Чашка, на местото Сватови, каде гори ниска вегетација и поединечни дрвја.

— реклама —

Во Општина Боговиње активен е пожар во селото Урвич, каде е зафатена нискостеблеста вегетација. Пожар има и во селото Градец, Општина Врапчиште, каде гори борова шума, како и во селото Драгов Дол во Општина Македонски Брод, каде се зафатени ниска вегетација и шума.

Пожарот кај селото Трново во Општина Гостивар, кој се шири кон селата Битово, Заград и Страјане во Општина Македонски Брод, е ставен под контрола. Таму се зафатени нискостеблеста шума, ниска вегетација, пасишта и папрат.

Во текот на ноќта и утрото се изгаснати 16 пожари на отворен простор во повеќе општини, меѓу кои Илинден, Ѓорче Петров, Прилеп, Долнени, Ресен, Богданци, Струга, Делчево, Старо Нагоричане, Јегуновце, Тетово, Брвеница, Врапчиште и Маврово-Ростуште.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryg9g003g5e052cDjp05t

Дождот и маглата ги заробиле на Пирибег: ЦУК координирал акција за спасување на двајца странски планинари

Македонија | пред 2 седмици

— реклама —
media-library79udkma0epe17GL70Xf

Осум пожари и натаму активни низ земјава, ЦУК регистрирал вкупно 21 пожар

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryj61haa5vc1i8cKYUxJs

Пожар кај Јаболчиште, гори букова и дабова шума

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryhh5dg8plv2epeFdas1H

Четири активни пожари во Македонија, два се под контрола

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања