Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Седум лица приведени за семејно насилство во едно деноноќие

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
media-library7hkmceqshsu507HQJ3p

Седум лица биле лишени од слобода во текот на изминатото деноноќие поради пријави за семејно насилство на различни локации низ државата, информира Министерството за внатрешни работи.

— реклама —

Во Скопје бил приведен 45-годишен маж кој, според пријавата, физички го нападнал својот 75-годишен татко. Во прилепско село, полицијата привела 49-годишник откако неговата сопруга пријавила дека бил физички нападната во семејниот дом.

— реклама —

Во гостиварско село, 40-годишна жена била лишена од слобода по пријава од нејзиниот сопруг дека по расправија физички го нападнала, при што оштетила дел од покуќнината и неговиот мобилен телефон.

Полицијата во Неготино привела 65-годишен жител на Кавадарци поради пријава дека физички ги нападнал својата партнерка и нејзиниот син, додека во Велес бил лишен од слобода 49-годишник кој, според пријавата, ја нападнал сопругата по претходна расправија.

— реклама —

Во Куманово биле регистрирани два случаи. Приведен е 40-годишен маж осомничен дека физички ја нападнал сопругата во семејниот дом, како и 46-годишен кумановец кој агресивно се однесувал и упатувал закани кон својата мајка.

— реклама —

Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на сите случаи, по што против осомничените ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library3l2kotb27s0t1BbWf5j

МВР за пет часа казни 221 пешак, санкционирани и 179 возачи

Македонија | пред 24 минути

— реклама —
media-library442u516q70206nazeAm

Возач удрил жена во Куманово и избегал

Македонија | пред 20 часа

media-library8lo66qulm8b682310XL

Ја принудувал вонбрачната партнерка на полови дејствија и ја тепал

Македонија | пред 20 часа

media-library0r6i399ijv7jfxkwNhH

Осум возачи приведени поради безобѕирно управување возило

Македонија | пред 20 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања