Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Седум возачи приведени за безобѕирно возење низ државата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
media-library2e7k8t7f3spo1MNj9tR

Седум возачи биле лишени од слобода во текот на изминатото деноноќие на територијата на државата поради безобѕирно управување со возила, информира Министерството за внатрешни работи.

— реклама —

Според полицијата, шестмина од приведените управувале возила без да поседуваат возачка дозвола, додека едно лице било затекнато зад волан и покрај тоа што имало активна забрана за управување со моторно возило.

— реклама —

Од приведените, тројца се од Битола, а по едно лице било лишено од слобода во Скопје, Неготино и Кичево поради возење без возачка дозвола. Дополнително, едно лице во Кичево било приведено бидејќи управувало возило иако имало изречена мерка за забрана за управување.

— реклама —

Од МВР најавуваат дека по целосното документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

— реклама —

Воедно, полицијата повторно апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возила без положен возачки испит, доколку имаат изречена забрана за управување или се под дејство на алкохол, со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library3l2kotb27s0t1BbWf5j

МВР за пет часа казни 221 пешак, санкционирани и 179 возачи

Македонија | пред 24 минути

— реклама —
media-library442u516q70206nazeAm

Возач удрил жена во Куманово и избегал

Македонија | пред 20 часа

media-library8lo66qulm8b682310XL

Ја принудувал вонбрачната партнерка на полови дејствија и ја тепал

Македонија | пред 20 часа

media-library0r6i399ijv7jfxkwNhH

Осум возачи приведени поради безобѕирно управување возило

Македонија | пред 20 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања