Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Седуммина приведени за безобѕирно возење, меѓу нив четворица малолетници

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
media-libraryu114tsts9fjs9PH5guP

Во текот на изминатите 24 часа, полициските службеници на повеќе локации низ државата лишиле од слобода седум лица поради безобѕирно управување со моторни возила. Најголем дел од нив биле затекнати зад волан без возачка дозвола, а меѓу приведените има и четворица малолетници.

— реклама —

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, во Тетово биле запрени двајца малолетници кои управувале мопед и патничко возило без да поседуваат возачка дозвола. Исти прекршоци биле евидентирани и во Кочани и Кичево, каде малолетници управувале мопеди без положен возачки испит.

— реклама —

Полицијата санкционирала и возач во Куманово кој управувал возило без дозвола, како и лице во Кавадарци кое возело мотоцикл без соодветна документација.

Во Битола, пак, бил лишен од слобода возач на трактор кај кого биле измерени 1,77 промили алкохол во крвта. Тој учествувал во сообраќајна незгода со патничко возило, при што била причинета материјална штета.

— реклама —

Од МВР најавуваат дека по целосното расчистување и документирање на сите случаи ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

— реклама —

Воедно, од Министерството апелираат до граѓаните да не управуваат возила без возачка дозвола, под дејство на алкохол или во период кога им е изречена забрана за управување, со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library3l2kotb27s0t1BbWf5j

МВР за пет часа казни 221 пешак, санкционирани и 179 возачи

Македонија | пред 1 час

— реклама —
media-library442u516q70206nazeAm

Возач удрил жена во Куманово и избегал

Македонија | пред 21 час

media-library8lo66qulm8b682310XL

Ја принудувал вонбрачната партнерка на полови дејствија и ја тепал

Македонија | пред 21 час

media-library0r6i399ijv7jfxkwNhH

Осум возачи приведени поради безобѕирно управување возило

Македонија | пред 21 час

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања