Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Сексуална злоупотреба на деца во Тиквешијата: возрасни лица под истрага за допирање, наведување со пари и полови дејствија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 месеци -

Македонија
siluvanje-1-640x432-163518

ОЈО Кавадарци води истрага за два случаи на сексуално насилство врз деца Основното јавно обвинителство Кавадарци донесе Наредба за спроведување истражна постапка за два одвоени случаи во кои има сомненија за кривично дело – Силување на дете кое не наполнило 15 години од член 188 од Кривичниот зaконик.

— реклама —

Во првиот случај, осомничени се две полнолетни лица од Неготино, кои најпрво сториле кривично дело – Задоволување полови страсти пред друг од член 190 од Кривичниот законик.

— реклама —

Тие имале сексуални односи пред малолетно дете, кое ги снимало со мобилен телефон. Во јули лани, додека детето имало 14 години, еден од двајцата осомничени повеќе пати го наведувал малолетникот на сексуални односи со него за што му давал одредени парични средства.

— реклама —

Јавниот обвинител предложи мерка притвор за осомничениот за силување на дете, за кое е запретена казна затвор од најмалку 8 години.

— реклама —

Кавадаречкото обвинителство води постапка и предложи мерка притвор и против татко од Кавадарци осомничен за други полови дејствија спрема неговата 13-годишна ќерка. Тој во алкохолизирана состојба го допирал девојчето во повеќе наврати, со што постои сомнение дека сторил кривично дело од ставот 5 на членот 188 за кое е запретена казна затвор од најмалку три години.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryusoaotm4okl41nid1sT

Неофицијално: Обвинителката која го гони судијата со парите во ѕид е нова шефица на Обвинителството за гонење организиран криминал

Македонија | пред 5 дена

— реклама —
eZy-Watermark_26-08-2023_12-39-39-2680PM

Обвинителите бараат итна одлука од Уставниот суд за намалените плати

Македонија | пред 1 седмица

Screenshot-2024-12-29-at-23.03.10

Бомба, два пиштоли и 240 куршуми кај скопјанец – најден и клуч од мотор поврзан со убиство, објави Обвинителството

Македонија | пред 4 седмици

vozacka-1

Поднесено обвинение за фалсификуваните возачки дозволи: Под лупа уште 21 лице

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања