Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Селективна правда не е правда, зошто ниту еден актуелен функционер не е опфатен со истрагата?, прашува СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
puls-35-1

“Трагедијата во Кочани во која загубивме 59 млади животи и ја потресе целата држава повикува на неселективна, темелна и сеопфатна истрага која ќе го утврди целиот синџир на одговорност.

Секој за кој што ќе се утврди дека има одговорност – без разлика дали се работи за поранешен или актуелен функционер – мора да одговара пред лицето на правдата”, вели СДСМ и додава:

Сепак, со загриженост гледаме на досегашниот тек на истрагата. Сите анализи упатуваат на впечаток дека досегашниот тек на истргата е селективна и насочена исклучиво кон поранешни функционери и службеници.

Досега, ниту еден актуелен функционер не е опфатен, иако трагедијата се случи токму во време кога тие биле на одговорни позиции.

— реклама —

Селективна правда не е правда. Зошто ниту еден актуелен функционер не е опфатен со истрагата за Кочани?

Според јавно достапните информации, двајца поранешни директори на ДПИ се опфатени со истрагата поради наводно непостапување. Но, логично се наметнува прашањето: зошто актуелниот директор на ДПИ, Влатко Стојкоски, не е дел од истрагата? Зарем не е должен да одговори за надлежностите на ДПИ и работата на инспекциските служби пред и во моментот на трагедијата?

Дополнително, зошто не се испитуваат одговорните лица кои биле на позиции од МВР, односно командирите, инспекторите и раководството на ОВР Кочани и СВР Штип, кои по закон биле обврзани да го обезбедат настанот?

— реклама —

Како е можно да се игнорираат оние кои вечерта биле на дежурство, на позиција и со законска обврска да дејствуваат – но не го сториле тоа?

Нема одговори на прашањата дали е точно дека сите седум приведени вработени во МВР не биле на функции во ноќта на трагедијата?

— реклама —

Овие прашања се легитимни и надлежните институции – Јавното обвинителство и МВР не смеат да молчат.

Вистинска правда не може да има без целосна и неселективна истрага.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryr0n056rc8kp89TeyOJ5

„Уште една недела - Владата не е способна ни за вода“, велат од СДСМ

Македонија | пред 10 часа

media-libraryn4v4amutq8fif3sFsuo

„Додека Мицкоски со државен авион оди на екскурзија, народот со часови е блокиран на граница“, велат од СДСМ

Македонија | пред 11 час

media-libraryerfalp35h83kaFMXpBs

„Орце повикува граѓаните на Скопје да чистат - затоа што тој не може“, велат од СДСМ

Македонија | пред 15 часа

media-librarysjk5kemche6553QKpMV

„Две години водата во Гостивар не била за пиење - Мицкоски призна кривично дело“, велат од СДСМ

Македонија | пред 17 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања